Реклама
Нега и здравје

Ако сакате да ги откажете цигарите, пијте една чаша дневно од овој пијалак

Реклама

Познато е дека во низа различни култури и традиционални медицини овесот (зоб) се користи за лекување на различни видови зависности, дури и зависност од опојни дроги.

Желбата за пушењето ќе се намали и дури и целосно ќе исчезне ако го пиете овој пијалок од овес. Земете еден емајлиран лонец од 3 литра и до половината наполнете го со неисчистен овес (со плева). Потоа дополнете го лонецот со ладна вода до горе, ставете на шпорет и варете го овесот половина час на тивок оган. Веднаш процедете ја врелата течност во друг сад и додадете 100 грама невен. Убаво поклопете го садот и замотајте го во ќебе да се задржи топлината. Оставете го да стои така 10-12 часа. Потоа процедете ја течноста и пијте по 200 милилитри 3 пати на ден, пред јадење. Како објаснување за делувањето на овесот за оваа цел се наведува дека зелениот овес има благо седативно дејство што на некој начин ја намалува физичката зависност од никотин. Научните мислења се поделени, дел од студиите ги потврдуваат овие наводи, но дел тврдат дека не дошле до истите резултати.

Маркетинг

Сепак, несомнено овесот има позитивни ефекти на нашето здравје. Чинија овес наутро е одличен начин да се започне денот посебно ако страдате од срцеви заболувања или дијабетес или пак сакате да ги спречите истите. Овесот во комбинација со храна со низок удел на масти и редовна физичка активност е исто така и одлично средство за борба против холестеролот.

Маркетинг

Овесот исто така содржи антиоксиданси, го подобрува имунитетот и го регулира нивото на шеќер и инсулин во крвта, ги ублажува воспалителните процеси во згобовите и сврзното ткиво и ги штити забите од кариес.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button