Реклама
Модни совети

Пет дами, пет совршени комбинации: како да носиме леопард дезен

Реклама

Веќе и врапчињата на гранките знаат дека модели со гламурозни атрактивни шари на овие мачки ќе ја обележат оваа сезона.

Тие се насекаде – од модните додатоци, па се до крзнените капути и бунди. И изгледаат прекрасно! Можете да ги носите суптилно, на некој мал детаљ од вашиот аутфит (тренди чанта или сандали), или пак на некое впечатливо парче како што е на пример крзнен капут кој ќе ве однесе во центарот на вниманието. Оваа сезона особено се популарни бундите од вештачко крзно кои одлично стојат дури и со фармерки, и кои можете да ги носите без разлика на вашите години. Од друга страна пак, ако сакате да го истакнете вашето тело носете тесна блуза со животински дезен во комбинација со кожено здолниште со молив крој и шик сандали. Токму таква комбинација на следнава фотографија носи и Шерон Стоун со која не освои на прв поглед.

Маркетинг

Топ зимски тренд кој ќе ве однесе во центарот на вниманието >>

Маркетинг

Овие шари станаа популарни во XVIII век која Европејците почнаа да ги колонизираат Азија и Африка и дома да носат кожа од зебри, тигри и леопарди. Егзотичните шари многу бргу беа прифатени во модата но и во уредувањето на ентериерите. Тие долго време беа достапни само за богатите, но денес постојат прекрасни парчиња од вештачко крзно кои не само што не се претерано скапи, туку се и многу подобри за носење. Еве на пример денес во мода се крзната во боја, а Руби Роуз носи пинк мачка и изгледа фантастично!

Капути и бунди со леопард дезен се маст-хев оваа сезона >>

Браво за Руби за оваа бунда која одговара за различни стилови!

Погледнете ги и другите дами како носат леопард дезен

Шарени бунди – тренд кој морате да го пробате оваа зима >>

Крзнените јакни се хит, ви ги претставуваме најдобрите модели >>

види повеќе »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button