Реклама
Новости

Никола пешачи низ Македонија, лошото време не го предомислува: Христос е патот, Христос е радост

Темни облаци над него, но тој не се откажува, а сподели и една радосна вест

Реклама

Никола Велигден ќе го помине во Македонија

Познатиот српски пејач Никола Роквиќ тргна на пат долг 1060 километри, од Белград до островот Егина во Егејското Море.

Негова цел е да собере средства за помош на деца болни од рак, а преку Инстаграм постојано се огласува и ги известува своите следбеници каде се наоѓа и з сето она што му се случува по патот.

Маркетинг

Никола во текот на вчерашниот ден го помина граничниот премин и моментално пешачи низ Македонија.

Маркетинг

Но во нашата земја и тоа на најтажниот ден за сите верници – Велики петок, не го дочекаа најубави услови.

имено, поголемиот дел од денот врнеше, но Никола беше непоколеблив и движејќи се низ кал не застана да се одмори, туку продолжи кон остварување на својата цел.

Тој објави и неколку снимки и покажа како пешачи по лошото време движејќи се низ Македонија, опкружен со сиви облаци.

На една од снимките се гледа и како зрак светлина се шири од небото, што секако го мотивираше пејачот да го продолжи своето поклонение.

Никола објави и едно видео на кое покажа еден велосипедист од Куманово, кој вели дека цел ден го барал за да го сретне.

Тие се поздравија, а Никола го продолжи својот пат.

Тој уште во раната зора на Велик петок се огласи и сподели фотографија од Исус Христос на кртот, со цитат од една беседа.

Потсетуваме, Никола планира да помине пешки преку 1000 километри за да се поклони на моштите на Свети Нектарие Егински.

Тој заедно со својата сопруга Бојана основаше фондација „Семејство“ за помош на родители на деца болни од рак.

Пејачот досега има собрано преку 100.000 евра и со овие средства ќе им помогне на децата кои се онколошки пациенти.

Најголема поддршка има од сопругата Бојана која за медиумите изјави дека во план им е Велигден да го поминат заедно во Македонија. Потоа таа се враќа во Белград со децата, а тој продолжува кон Егина.

Христос е патот, Христос е радост

И како што сподели со својата последна објава, и покрај лошите временски услови тој откри и една убава вест.

Извор: Инстаграм/ Никола Роквиќ

Во видеото откри дека фондацијата веќе има собрано преку 13 милини динари, а во коментарите го напиша следново

„И кога е тешко, нема очајување! Христос е патот, Христос е радост, Христос е Љубов! Христос Воскресе!!!“, напиша тој.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button