Реклама
Коса

Како да направите совршена новогодишна фризура

Реклама

Размислувате за тоа како да изгледате на новогодишната забава?

Прочитајте ги овие неколку совети, а потоа погледнете ја и нашата галерија каде имате преку 50 прекрасни фризури и шминки за најлудата ноќ во годината.

Маркетинг

Па, блеснете како вистинска дива во новата 2014!

Доколку сакате да имате убава фризура за Нова година, доволно е да ја соберете во коњско опавче или пунџа на врвот од главата, потоа да додадете неколку светки или некој друг интересен додаток, и веќе сте подготвена да ги шармирате сите околу вас.

Маркетинг

Иако до најлудата ноќ во годината останаа само уште неколку дена, многу девојки се уште немаат одлучено каква фризура да направат. Па, доколку не сте закажале термин во фризерско студио, и сметате дека сега е веќе доцна за тоа, еве неколку совети како само да си направите супер новогодишна фризура.

Но, на почеток само да ве потсетиме дека должината на косата ја диктира фризурата, па за подоцна да немате непријатности со косата, најдобро е на време да ја одберете вистинската фризура.

Доколку имате долга коса, тогаш имате многу можности. Но, ако не сакате да потрошите премногу време во правење на фризура, тогаш наш совет е да ја соберете во опашка или да направите пунџа на врвот од главата, додадете неколку светки во косата и вашата фризура е готова.

Друга опција ви е косата да ја испеглате или благо извиткате, во зависност од тоа каква сакате да ја носите –рамна или со бранови.

{youtube}gCE6jnDpZyU{/youtube}

За девојките со средна должина на коса, наш совет е да ја изгужват косата и по малу да ја разбушават. Со пената не треба да се претерува за косата да не ви стане премногу леплива, туку со секси разбушавена коса која ја имате под контрола предизвикајте ги воздишките на посилниот пол.

Кратката коса исто така можете да ја трансформирате на различни начини. Можете да ја разбушавите, да направете залижана фризура или пак, да направите пола-пола. Наш совет е да изберете некои повпечатливи обетки со кои уште повеќе ќе ја истакнете кратката коса.

Совет плус: Внивајајте фризурата да одговара со вашата шминка, одберете го вистински фустан и заблескајте во новага 2014 година.

ТОП 50 ФРИЗУРИ И ШМИНКИ ЗА НОВА ГОДИНА »

Но, претходно погледнете ги нашите топ 50 предлози за фризури и шминки …

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button