Реклама
Рецепти

Како да направите овошен јогурт со шумски плодови

Реклама

Денес ќе ви претставиме еден едноставен рецепт како да направите домашен овошен јогурт кој може да ви биде супер  јадење за појадок.

Доколку сакате да се исхранувате здраво и да држите диета, овој рецепт ќе ви биде од голема корист. Можете да го користите наутро, за појадок, а што е најважно од сé– се подготвува многу едноставно и брзо. Погледнете!

Маркетинг

Потребни состојки

1 кравјо кисело млеко
Корнфлекс
Овес
20 грама боровинки (или по желба!)
Една мала лажица слатко од малини (или некое друго слатко кое ќе одговара со боровинките, и само доколку сакате јогуртот да има благ вкус) 

Маркетинг

Начин на подготовка

Во стаклен или обичен сад, чаша или чинија во која што појадувате ставете овес и корнфлекс во количина по желба, потоа додадете го киселото млеко (во 100 грама кисело млеко има околу 60 калории). Потоа додадете 10 до 20 грама боровинки (или една рака) и една лажица слатко од малини и сето тоа добро промешајте го и оставете да отстои неколку минути пред да почнете да го јадете.

Пријатен апетит!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button