Реклама
Рецепти

Како да направите здрава и вкусна скара

Реклама

Скарата како една од најстарите верзии за подготовка на храната има многубројни предности – почнувајќи од тоа дека за скара не треба да се користи многу масло, па се до тоа дека скара се подготвува на отворено, значи надвор од четирите ѕидови, во природа, во дворот …

Маркетинг

Но подготовката на скарата може да биде и штетна, бидејќи за време на печењето на месото и рибата на отворен оган доаѓа до создавање на потенцијално канцерогени соединенија, па затоа треба добро да се внимава.

Маринирањето на месото е корисно, не само затоа што го омекнува месото и му дава дополнителен вкус на јадењето, туку овозможува и да се изгубат одредени канцерогени состојки од месото кое се пече на скара на јаглен.

Според нутриционистите многу зачини како рузмаринот и ориганото содржат антиоксиданси кои го спречуваат создавањето на штетните материи кои можат да се создадат при печење на месото на висока температура. Лимонот и винската киселина допринесуваат за полесно разградување, а магданосот и лукот го враќаат витаминот Ц. Од друга страна пак сенфот како естроген овозможува месото побрзо да се вари во организмот.

Маркетинг

Покрај ова, добро е кога се јаде скара да се внесува што е можно повеќе зелена и зелка салата, бидејќи на тој начин се врши детоксикација и побрзо се исфрлаат штетните материи од организмот. 

Доколку сакате здрава скара, треба да го избегнувате мрсното месо. Тоа значи дека најпрво можете да јадете овошје и зеленчук на скара, а потоа се препорачува риба и месо кое не е многу мрсно.

Избегнувајте употреба на јаглен.
Избегнувајте печење на отворен пламен.
Вртете го месото што почесто за температурата во внатрешноста да остане пониска.
Користете конструкција која оневозможува маста да капе на изворот на толнина.
Премачкајте ги решетките од скарата со масло за да не ви се лепат загорените делови.

Добар апетит!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button