Реклама
Шминка

Прочитајте како да го изберете вистинскиот бронзер и освојте една награда!

Реклама

Бронзерот е еден од козметичките производи во врска со кои настануваат многу дилеми, така што многу жени се прашуваат каков брознер најмногу им одговара, како се нанесува и како да ја изберат вистинската нијанса. Токму затоа денес решивме да закачиме неколку интересни совети поврзани со бронзерите, но и да наградиме две наши читателки со одличниот бронзер на Севентен.

Маркетинг

Како да го изберете вистинскиот бронзер?

Постојат повеќе видови на бронзери, при што најчесто можат да се најдат течни и камени, но ги има и во прав. Сите се во некоја нијанса на кафеава боја, од светла беж па се до боја на чоколада, со благи нијанси на розова, праска боја и црвена.

Изборот на бронзер најмногу зависи од тоа каков ефект сакате да постигнете со шминката. За дневна шминка најдобро е да изберете мат формули, додека светликавите се идеални за навечер, при што со бронзерот можете да ги нагласите јаболчниците и да го разубавите деколтето.

Маркетинг

На мрсната кожа и одговара бронзер во прав, а истото важи и за мешан тип на кожа, додека течните и кремастите формули се идеални за оние кои имаат сува кожа.

Нијансите на бронзерот се избираат според бојата на тенот, па така на посветлата кожа најдобро и одговараат боите на праска и мед, на средно темната кожа – златни и бакарни нијанси како и розе нијанси, додека на темната кожа можете да си поиграте со посилни кафеави нијански како боја на чоколада или цигла. Што се однесува до бојата на косата, бронзерите во розови нијанси најмногу им одговараат на русокосите, а портокаловите нијанси одлично им стојат на бринетите.

Бронзерот треба да биде за нијанска потемен од бојата на тенот за да изгледа природно. За да се олесни работата, на многу производи е нагласено дали се наменети за русокоси, бринети или за црнки, но сепак, доколку ова не е нагласено на производот, треба сами да процените каков бронзер да изберете според вашиот тен.

Доколку сакате да го тестирате бронзерот тоа најдобро ќе го направите доколку нанесете само малку бронзер на чисто лице и ќе видите дали лицето изгледа потопло или вештачки потемно. Не треба да се пробува на рацете, бидејќи рацете и лицето природно немаат иста боја.

Како што кажавме претходно, најдобро е да изберете нијанса која е за две, или најмногу за три нијанси потемна од бојата на вашето лице. Доколку бронзерот е во иста боја со бојата на кожата, тогаш тој нема да може да си ги изврши основните функции како да ги нагласи јаболчниците, да додаде малку сјај на лицето, да го истакне потемнетиот тен или да придонесе лицето да добие потемна нијанса од онаа што ја има во моментот.

 Предлог бронзер за ова лето 

Bronzing Powder

Дочекајте го летото со бронзент тен и свиленкаста кожа.  Компактна пудра  на  SEVENTEEN  за здрав, блескав и исончан изглед. Се става на лицето, рамената и деколтето. Достапна е во три нијанси.

Ако сакате да бидете една од читателките што ќе го добијат овој прекрасен бронзер од Севентин, сé што треба да направите е да станете пријател со Севентин на Фејсбук, да скокнете до нашата страна на Фејсбук (види тука) и да ни напишете во коментар зошто токму вие треба да го освоите овој производ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button