Диети

Пијалоци кои ќе ви помогнат да го стопите салото од стомакот

Реклама
Реклама

 

Тајната е во тоа што ќе внесувате доволна количина на течности, а овие течности имаат пријатен вкус и не ве трупаат со прекумерни калории, туку го подобруваат варењето.

Маркетинг

Можете брзо и лесно да ги направите дома и да бидете сигурни дека се природни и не содржат никакви шеќери и адитиви. Течностите ќе ви овозможат да се чувствувате сити и да го намалите внесот на храна. Секако, пожелно е и да вежбате или да се бавите со физичка активност барем 3 пати неделно.

Вода со вкус

Маркетинг

Водата е еден од најважните сојузници во здравиот начин на живот, без разлика дали сте на некоја посебна диета или не.Постојано слушаме како е многу важно да пиеме доволно вода, најмалку 2 литри на ден. Меѓу другото, водата го помага варењето и апсорпцијата на храната, како и излачувањето на штетните материи од цревата и бубрезите, а исто така и ни дава чувство на ситост. За да ја разбиете монотонијата можете во водата да додадете сок од лимон и така ќе добиете состав сличен на желудечната киселина или да додадете изрендан ѓумбир кој го забрзува метаболизмот, или пак краставица исечена на кругови за дополнително освежување …

Чај од нане

Нането му помага на желудникот да ги апсорбира маснотиите и има смирувачко дејство врз органите за варење. Исто така делува и како диуретик, го забрзува метаболизмот и го намалува апетитот. Многу се користи и за одржување на хигиена на устата бидејќи со ароматичниот мирис го озвежува здивот, поради што е многу честа состојка во пастите за заби.

Фрапе од ананас

Ананасот е познат и признат учесник во многу диети за слабеење. Содржи ензим бромелаин кој го помага варењето на протеините, ја олеснува работата на органите за варење и ја отстранува подуеноста. Во пијалакот од ананас можете да додадете и ленено масло за да ја зголемите неговата ефикасност.

Зелен чај

Зелениот чај содржи катехини кои се одговорни за согорување на маснотиите. Се препорачува да се пие пред вежбање, посебно пред аеробни вежби, за да се забрза топењето на масните наслаги. Заменете една шолја кафе со зелен чај и уживајте во неговите благодети – тој, меѓу другото, го намалува холестеролот и ризикот од канцерогени заболувања, а помага и кај дијабетес, го намалува стресот и ги штити забите.

Извор: zadovoljna.hr

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button