Реклама
Модни совети

Како да го сокриете вишокот килограми со облека преку летниот период

Реклама

 

Многу девојки кои не влегуваат во категоријата на слаби девојки кога ќе дојдат летните месеци се соочуваат со мали проблеми како да изгледаат убаво и модерно на високите температури кога се  носи полежерна облека.

Маркетинг

 Продавниците се преполни со летни фустани, здолништа, туники и панталони кои најдобро изгледаат на слабите девојки, но оние кои се соочуваат со вишок килограми како растат температурите така се потешко можат да најдат соодветна облека со која ќе ги сокријат своите недостатоци.

Но, не треба да очајуваме, затоа што со добро комбинирање се е можно, па дури и недостатоците да ги претвориме во предност.

Маркетинг

Едно од основните правила е дека не треба да носиме претесна облека со која само ќе го нагласиме она што сакаме да го сокриеме, ниту пак преширока облека која воопшто не е соодветна за девојки со облини. Покрај ова, не е пожелно ни облека со крупни дезени, додека парчињата со „V“ израз се одличен трик за визуелно губење на килограмите и мало издолжување на фигурата.

Треба да бидете внимателни и со рамно поставените риги. Можете да ги носите но само на витките делови од телото, како би направиле рамнотежа со целата фигура. Стилистите советуваат и риги кои се потенки и помалку впечатливи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА И ОВА:
Најубавите плус-сајз костими за капење за лето 2015 »

Доколку сте полнички, тоа не значи дека треба да носите само облека во темна боја! Слободно експериментирајте со веселите бои, но на покритичните делови носете потемни нијанси со кои ќе изгледате послабо. Доколку имате нагласени колкови, со облеката треба да го нагласите горниот дел од телото, со што ќе го тргнете вниманието и  визуелно ќе го намалите долниот дел. Комбинирајте лежерен топ или маица која убаво паѓа на здолништето или панталоните кои одговараат на вашата градба на телото, а како би ги сокриле критичните делови, носете парчиња во потемни бои.

Оваа сезона одлично решение се и ѕвонарките кои се апсолутен хит за оваа сезона (вид тука) и кои одлично стојат на секој облик на телото. Мижете да ги носите со лежерни топови со голи раменици или летни туники, а доколку сакате да носите панталони или здолништа, избирајте парчиња кои не се набрани во струкот и кои нема дополнително да го нагласат вишокот килограми.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА И ОВА:
Топ 20 модели на фармерки со висок струк »

 Туниките се одлично решение бидејќи го прикриваат вишокот килограми и секако, избирајте ги прозрачните модели кои се направени од природни ткаенини како кожа би можела да полесно да дише на високите температури. Можете да ги носите и со темни тесни фармерки како визуелно би ги издолжиле нозете. Во нашите продавници има навистина голем избор на летни маици и блузи (види тука), па испробајте некој од моделите кои ја пратат линијата на телото, но кои не се претесни.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА И ОВА:
Костими за капење од првата плус-сајз колекција на Манго »

Сандали со полна пета или модерни платформи се исто така одличен трик за послаб изглед, затоа тие треба да се must-have во вашиот плакар. Не треба да заборавите ни на деталите како огрлици, нараквици или обетки кои исто така можат да го довлечат вниманието од критичните делови.

Па, бидете креативни и имагинативни!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button