Реклама
Нега и здравје

Како да ги смирите и најнемирните деца

Реклама

Студиите за физичко казнување на децата покажаа дека родителите ги тепаат децата многу почесто отколку што се мисли.

Маркетинг

Но, ваквите студии исто така покажуваат и дека тепањето е неделотворен метод за воспитување на децата, бидејќи дури 73% од децата ќе ја повторат истата работа за која добиле ќотек во рок од десетина минути.

„Многу родители реагираат на лошото однесување на нивните деца така што им ги одземаат играчките, не им дозволуваат повеќе да се дружат со другите деца или ги испраќаат во ќош. Но, за децата со силна волја каква што бев и јас, ниеден од овие методи не делуваше“, вели Рини Вилјемс, во авторски текст објавен во Washington Post.

Како и многу деца кои страдаат од недостаток на внимание и Рини како дете правела разни палавштини од досада и од потреба да се занимава со нешто.

Маркетинг

„За среќа, татко ми многу брзо го сфати тоа и разви свој дисциплински систем кој веднаш даде резултати и кој ми донесе долгорочна корист“, вели таа.

Татко ѝ бил високо квалификуван воен ветеран и хирург, и неговото искуство од специјалните единици му помогнало да искористи некои невообичаени тактики во воспитувањето и дисциплинирањето на ќерка му.

„Воопшто не бев среќна што бев единственото петгодишно девојче во населбата која имаше постојани инспекции на собата и која мораше да ги нареди сите свои играчки под конец пред да може да излезе надвор и да си игра со децата “, раскажува Рини.

„Меѓутоа, тоа што ме тераше да ја читам енциклопедијата секој пат кога ќе почнев да беснеам по дома – беше најдоброто нешто што воопшто можел да го направи!“

Имено, строгиот татко избирал некој поим од енциклопедијата и ѝ велел да прочита се во врска со тоа оти подоцна ќе ја испраша. Оваа казна значела дека веднаш треба да престане со што и да прави и да се посвети на задачата. Целта била да и го окупира вниманието, но и да и даде ментален предизвик.

Ова навистина делувало. Методот на таткото не само што и помогнал да го смени однесувањето, туку исто така ја научил кога ѝ е досадно едноставно да земе книга во рака. Тоа секако се случувало многу често, така што методот дал одлични резултати. На крајот Рини станала адвокатка и писателка со широка култура и големо „енциклопедиско“ знаење.

Друга добра страна на ваквата казна е тоа што детето има контрола над ситуацијата, бидејќи самото си одредува колку време ќе трае извршувањето на задачата.

На денешните родители Рини им дава неколку идеи како да го применат овој метод на современите деца:

1. Осмислете игра на барање и коригирање на граматички грешки.
2. Дајте им на децата задача како „Прочитај нешто за кучињата и научи да наброиш и опишеш пет различни раси.”
3. Поставете предизвик во смисла: „Кој од вас може да ѝ каже на мама најмногу работи за лавовите?“

Ако од казната направите еден вид игра, ќе ги одвратите децата од лошо однесување, но истовремено и ќе ги ослободите од досадата, која е всушност причината за нивните палавштини и глупости.

Извор: stipka.com / detinjarije.com

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button