Реклама
Нега и здравје

Депилација: како да ги отстраните несаканите влакненца со помош на брашно

Реклама

Отстранувањето на несаканите влакненца е навистина досадна работа, посебно поради тоа што мора често да се повторува, без разлика дали дома или во козметички салон.

Покрај веќе испробаните методи и техники ви предлагаме да испробате една нова варијанта, која е посебно привлечна за девојките што преферираат да се депилираат дома, а тоа е депилацијата со брашно.

Маркетинг

Брашното е потполно природна супстанца така што нема потреба да се грижите за несакани алергиски реакции. Постапката е брза и едноставна, а со текот на времето коренот на влакненцата слабее и тие стануваат се потенки и помалку видливи.

Сепак, со ваквата депилација ќе можете да ги отстраните само потенките влакненца, на пример од лицето, додека за подебелите и поцврсти влакна на телото ќе ви требаат други методи.

Маркетинг

Во секој случај, нема што да загубите ако пробате!
 
Метода 1 – Отстранување на влакненцата од лицето

Потребни состојки: 1 шолја брашно (најдобро од леблебија), половина лажичка куркума, малку млеко.

Измешајте го брашното од леблебија и куркумата па потоа додадете неколку капки млеко, за да добиете густа паста. Нанесете ја смесата внимателно на влакненцата на лицето што сакате да ги отстраните во насоката на растење и оставете ја да се исуши од 20 до 25 минути. Потоа со влажна крпа полека отстранувајте ја смесата со движења, но внимавајте тоа биде во спротивна насока од насоката на растење на влакненцата. Остатоците од смесата можете да ги измиете со топла вода. Потоа нанесете хидратантен крем. Со редовно повторување на постапката влакненцата значително ќе ослабат и ќе се намалат.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button