Реклама
Нега и здравје

Како да ги отстраните несаканите влакненца од лицето со помош на конец!

Реклама

Депилацијата со помош на конец е многу интересна техника за отстранување на несаканите влакненца од лицето која стана хит во целиот свет, посебно помеѓу славните девојки.

Причините се едноставни – постапката се врши брзо и едноставно, целосно е безболна, а веѓите обликувани со конец изгледаат многу поприродно и поубаво. Нема употреба на никакви хемикалии, постапката е исклучително хигиенска и идеална за лица со осетлива кожа. Ќе ви треба малку време да ја совладате техниката, но трудот дефинитивно ќе ви се исплати! На видеото во продолжение можете да видите како се изведува постапката. Секако, од голема помош ќе ви биде доколку некој што знае како практично ви покаже.

Маркетинг

{youtube}x_ng1wccO8o{/youtube}

Потребен материјал: ножици, беби пудра, тоник за чистење на лицето, конец.

Маркетинг

Постапка

Пресечете конец со должина од околу 50 cm, заврзете ги краевите во јазол, провлечете ги палците и показалците од двете раце низ конецот и затегнете. Замотајте со десната рака два пати. Двете раце треба да се наместат одозгора. (0:55)

Нанесете беби пудра на веѓите. Потпрете го конецот во насока на растењето на влакненцата така што влакната ќе бидат точно на точката на пресек каде што се вкрстуваат двата конци. Раширувајте ја и собирајте ја десната рака. Така ќе се поместува пресекот ќе ги фаќа влакненцата и ќе ги корне. (2:09)

Оваа техника може да се користи за целото лице, како и за потенките влакненца на телото. По завршувањето на постапката нанесете тоник за лице за дезинфекција на местата што сте ги депилирале. На овој начин влакненцата се отстрануваат многу побрзо и потемелно отколку со пинцета.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button