Реклама
Нега и здравје

Пет едноставни навики со кои ќе бидете поздрави

Реклама

 

Веројатно е безбедно да се каже дека сакаме да живееме поздрав живот, со часови по јога во 06:00 наутро и апсолутно нула сладолед во 22:00. За жал, животот не е таков.

Маркетинг

Сепак, да се подобриме е благородна мисија и затоа сме посветени да бараме мали подобрувања коишто имаат големо влијание. На тој начин, патот кон поздрав начин на живот и не е толку несовладлив. Да ве инспирираме да живеете поздраво секој ден, заокруживме 5 едноставни навики кои прават голема разлика.  

Дајте им пауза на очите

Маркетинг

Очните експерти препорачуваат правило 20-20-6, со цел да се зачува здравјето на очите, да се намали на заморот на очите и да се намали главоболката поврзана со замор на очите. На секои 20 минути поминати на компјутер, насочете го погледот те во нешто друго најмалку 20 секунди, така што ќе гледате во нешто што е оддалечено барем 6 метри.

Протегнете се

Во текот на денот, обрнете внимание телото и протегнете се секогаш кога ќе се чувствувате згрчени, уморни или, едноставно, кога имате потреба да станете од столчето. Обидете се неколку поздрави на сонцето наутро (добро е за циркулација на крвта), а завршете го денот така што, откако ќе легнете, бавно свиткате се кај колковите за да ги допрете прстите. Останете во овие две позиции онолку долго колку што можете.

Станете верни на лимонот

Пијте една чаша топла вода со сок од лимон наутро. Придобивките од пиење пијалак богат со антиоксиданс се многубројни: Тоа го намалува воспалението, помага при варењето на храната и ја зголемува енергијата, да споменеме само неколку.

Подобрете го држење на телото

Седете малку поисправено и стојте исправено колку што можете повеќе – ќе изгледате повисоки! Лошото држење на телото има секакви негативни влијанија врз здравјето, вклучувајќи хронична болка во мускулите, намалување на циркулацијата, главоболки, па дури и лошо расположение. Седењето во исправена позиција и ’победничката’ поза на телото, всушност се докажаа дека имаат позитивно влијание врз здравјето, и физички и ментално.

Движете се

Поставете си предизвик да се движите колку што можете повеќе. а) Одете по скали: Без разлика дали сте на работа или дома, секогаш има момент кога може да се одлучите за скали наместо за лифтот. б) Со велосипед до работа.  в) Скокајте со јаже барем 5 минути наутро…

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button