Реклама
Нега и здравје

Го спречуваат карциномот, го забавуваат стареењето и не дебелеат – кајсија чудо помеѓу овошките

Реклама

Она што е посебно интригантно во врска со ова овошје е податокот дека во него се наоѓа соединение кое се добива од семката на кајсијата – амигдалин од кое со едноставна екстракција се добива и Леатрил или Б17.

Во 1971 година, Б17 е забрането во САД, а токму тоа некои го нарекуваат вистински лек против ракот. До забрана дошло, бидејќи наводно содржело опасна доза цијанид. Некои експерти ги отфрлаат овие тврдења и велат дека на фармацевтската индустрија ѝ е важно да ги исклучи од пазарот сите вистински, природни, ефикасни и евтини лекови.

Маркетинг

Кајсиите содржат 10 пати повеќе магнезиум од останатото овошје, односно влијаат на подобрувањето на функциите на мозокот заради високото ниво на магнезиум и фосфор. Овие елементи може да помогнат во нормализација на крвниот притисок.

Тие се одличен извор на полифеноли, силни антиоксиданси кои го неутрализираат штетното дејство на слободните радикали и ги спречуваат кардиоваскуларните заболувања. Свежата кајсија обилува со каротеноиди и ксантофили, натриени кои го штитат видот, ја спречуваат мускулната дегенерација и слабеењето на очниот мускул во староста.

Маркетинг

kajsija2

Исто така, лутеинот кој е присутен во ова овошје, ја штити мрежницата. Тоа е одличен извор на катехини, еден вид флавоноиди кои влегуваат и во составот на зелениот чај, а поседуваат противоспалителни својства. Кајсиите содржат и висок процент хранливи влакна кои доста благотворно делуваат на органите за варење и ја спречуваат опстипацијата.

Кајсиите не дебелат, па тие особено им се препорачуваат на личностите кои сакаат да ослабат, а помагаат и во лечењето разни инфекции, ги спречуваат срцевите заболувања, ги обновуваат оштетените ткива, го намалуваат нивото на лош холестерол и го поттикнуваат развојот на забите и коските.За одржување на здравјето на коските потребни се бројни минерали, како што се калциумот, фосфорот, манганот, бакарот и железото, а токму кајсијата ги содржи во огромна количина. Затоа жените кои влегле во менопауза би требало што е можно почесто да ги консумираат, бидејќи содржат многу калциум, за да ја спречат остеопорозата.

Кајсијата најмногу се користи за производство на сок, џем и компот, но може да се консумира и сушена.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button