Реклама
Кафе муабет

Таа ослабна 54 килограми откако нејзиниот татко и кажа дека му е срам да се шета со неа

Реклама

Меди Гораб во најлошиот период од животот имала 134 килограми.

Но како што тоа обично и се случува, заедно со килограмите доаѓаат и голем број здравствени, но и други проблеми. Таа студирала право во Лос Анџелес, но бидејќи и било тешко да отиде до школото, многу пати и се случувало да остане дома. А потоа и нејзиниот татко додал бензин во огнот кога и кажал дека му е срам да се шета и да го гледаат со неа низ град.

Маркетинг

Коментарот на нејзиниот татко бил прествртница во нејзиниот живот. „Еден ден татко ми ми кажа дека му е срам да излезе со мене. Не затоа што сум дебела, туку затоа што мојата тежина покажува дека не се ценам себеси“ – објасни Меди на новинарите. Тогаш решила дека мора да направи нешто и да се соочи со проблемот со вишокот килограми.

Маркетинг

„Бев тешка како младо слонче и практично не живеев“, вели оваа млада девојка која успеа да намали вкупно 57 килограми.

Пред точно една година, односно во ноември 2015 Меди имала хируршка интервенција за да го намали желудникот и според неа тоа било најпаметната одлука во нејзиниот живот. Потоа продолжила со диетата и вежбањето и за неколку месеци потполно се трансформирала.

„Кога би знаеле колку подобро ќе се чувствувате, нема за секоја диета и промена да го чекате следниот понеделник, следниот месец или следната година. Ќе започнете веднаш со промени. Најдете го методот кој најмногу ви одговара и не грижете се за другите. Не зборувајте за диетата, дигнете ја главата високо и изборете се со самите себеси. Вреди!“, вели оваа девојка која сега постојано се фотографира и своите слики ги објавува на Инстаграм, надевајќи се дека нејзината порака ќе стигне и до другите кои го имаат истиот проблем.

Браво!

Извор: littlethings.com

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button