Реклама
Кафе муабет

Избирај ме секој ден, или пушти ме засекогаш …

Реклама

Не сум личност која би била со тебе доколку сум ти само опција. 

zdrav2

Не сум личност која би била со тебе доколку сум ти само опција. Јас сум приоритет. Не избор, туку прва. Дава љубов која очекувам да ми се врати во иста мера. Ако тоа не е така, тогаш не гледам смисла во нашата врска. Ако сакаш да ме имаш, треба секојдневно да ме бараш, или да ме пуштиш засекогаш. Знам дека тоа нема да биде лесно. Всушност, ќе биде многу, многу тешко. Ќе постојат денови кога нема да се сакаме еден со друг, кога сакањето ќе ти се чини премногу тешко.

Маркетинг

Ќе постојат денови кога нема да сакаш да ме љубиш, а јас сепак ќе го очекувам тоа. Затоа треба да ме избираш дури и во најтешките моменти. Или треба да ме пуштиш да пронајдам некој кој нема да си замине кога работите ќе станат понапорни.

zasekogash

Маркетинг

Не можам да ти ветам дека секојдневно ќе бидам жена од твоите соништа и дека секој ден ќе ни поминува лесно. Некогаш ќе мораме да поминеме и низ торнадо, наместо низ сонце. Но, вистинската љубов, љубовта која е вредна, подразбира соочување со бура. Треба да останеш со мене кога патот е трнлив, или да ме пуштиш да го пронајдам својот вистински пат. Избери ме кога и сама не знам зошто сум лута и кога не можам да престанам да се смеам.

Избери ме кога не ме препознаваш и кога не можеш да поверуваш што се крие во мене. Избери ме, прифати ме, сакај ме. Без прашања и без граници. Избирај ме секојдневно, или пушти ме засекогаш.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button