Реклама
Хороскоп

Меланија Трамп – кој е нејзиниот хороскопски знак и како изгледала пред да го запознае Доналд Трамп

Реклама

Новата прва дама на Америка во хороскопски знак е Бик. Но што треба да значи тоа? Па меѓу другото дека цврсто стои на земјата и дека е практична, и дека многу ретко прави отстапки.

Такви се Биковите!

Маркетинг

Меланија Трамп е родена во словенскиот град Севница на 26 април 1970 година како Меланија Кнаус и од секогаш имала големи планови да стане славна и успешна жена во далечниот непознат свет. Таа студирала уметност, но кога сфатила дека нејзината убавина и позирањето и се најголеми адути целосно и се посветува на манекенска кариера. Во потрага по својата благосостојба во 1996 година ќе се пресели во земјата на бизоните (САД) каде по две години ќе го сретне својот иден сопруг, контроверзниот бизнисмен Доналд Трамп.

Маркетинг

Меланија Кнаус и Доналд Трамп во 1999 година

Приземјена и практична

Нејзините соништа покрај Доналд стануваат реалност. Во нејзиниот натален хороскоп впечатлива е превласта на земјените елементи, што ја отсликува како многу практична и рационална жена на која материјалното и сигурноста и се секогаш на прво место. Дури четири планети во знакот на Бик се заслужни за нејзината љубов кон удобниот и раскошен живот, дарувајќи ја со природна земјена убавина. Сонцето и планетата Сатурн во знакот на Бик укажуваат на нејзината озбилност, одговорност и брак од интерес, а спојот Венера и Марс се главните виновници пак, за нејзината несекојдневна убавина и сексапил. Таа е силна жена која знае што сака во животот. Положбата на месечината во знакот на Јарецот зборува за нејзината верност и подготвеност на жртви за остварување на своите општествени и финансиски цели во животот.

Притисок поради нови афери и скандали

Пред неа е живот полн со возбудувања, Таа во моментот поминува низ стресен период, но веќе од при крајот на декември ќе се прилагоди на привилегираниот живот на прва дама.

Меланија пред да го запознае својот сопруг

Следната година ќе и биде среќна, но проблемите почнуваат некаде со влегувањето на Јупитер во Шкорпија, во септември 2017 кога всушност и ќе почне предизвикувачки период во кој ќе мора да почне да се согласува на некои отстапки, нешто што за тврдите Бикови воопшто не е лесно. Покрај тоа некој скандал или афера можат да и го загрозат имиџот, а бидејќи има недостаток во планети во водени знакови, кај неа се забележува и недостаток од срдечност и сочувство, па воглавно овие се неколкуте работи на кои нејзините советници и пред се тимот за ПР ќе мораат добро да внимаваат и да ја на научат како да се соочи со нив.

{youtube}XbvGxDmD3dY{/youtube}

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button