Реклама
Хороскоп

Голем неделен хороскоп (плус неколку модни совети) за период од 17 до 23 мај 2015

Реклама

 

Погледнете што ви порачуваат ѕвездите на поле на љубовта, работата и здравјето за период од 17 до 23 мај 2015 година.

Маркетинг

ОВЕН (21 март – 20 април)

Ќе сретнете стар и близок пријател од тинејџерските години, предвидува „Штипка“. Излезете на ручек или вечера – нема да погрешите! Добра финансиска недела. Инвестирајте во профитабилен бизнис. Ќе уживате во добра општа здравствена состојба. Сепак, доколку имате некои здравствени проблеми, редовно земајте ги лековите.

Маркетинг

БИК  (21 април – 21 мај)

Облечете шик панталони кога ќе одите на романтична вечера!

Ако сте веќе во врска, ќе имате пријатно и романтично време заедно. Брачните парови, пак, најверојатно ќе се соочат со некои конфликти. Оваа недела ќе се справите со финансиите многу разумно, вели „Штипка“. Дури и заштедите ќе се зголемат, така што ќе се чувствувате сигурно за вашата финансиска иднина. Ќе уживате во добра општа здравствена состојба. Сепак, пазете се од неочекувана повреда.

БЛИЗНАЦИ (22 мај – 21 јуни)

Ви предлагаме неделава да пробате парчиња со цветен принт ….

„Штипка“ предвидува дека ќе ги преспитувате љубовните односи. Не осудувајте, туку бидете практични и објективни. Внимателно со парите оваа недела. Не вложувајте и не позајмувате. Внимавајте на алергиите и особено на навидум мали заболувања поврзани, главно, со респираторниот систем. Реагирајте благовремено.

РАК (22 јуни – 22 јули)

Одберете некоја шик деловна комбинација ….

Беќарите/момите ќе бидат повеќе заинтересирани за физички односи со спротивниот пол, но не и за долга врска. А брачните двојки, пак, ќе бидат зафатени со решавање домашни проблеми. Добро е да одложите важни одлуки поврзани со финансиите. Вложете го вишокот пари на банкарска сметка, советува „Штипка“. Дури и најмалите здравствени проблеми третирајте ги со лекови по консултација со матичниот лекар и побрзајте кај него веднаш штом ќе забележите некој чуден симптом.

ЛАВ (23 јули – 22 август)

За оваа недела за вас розовиот кармин е задолжителен!

Беќарите/момите ќе си најдат сродна душа, но не губете глава поради тоа. За оние во брак не се предвидуваат толку среќни моменти. Очекувајте приливи и неочекувани добивки, но „Штипка“ советува да да не отпочнувате со нови инвестиции и да не донесувате важни одлуки поврзани со финансиите. Болките во респираторниот систем и променливиот крвен притисок треба да се сфатат сериозно. Избегнете домашни лекови, освен ако не познавате некој кој е експерт за тоа. Подобро е да се консултирате со вашиот матичен лекар.

ДЕВИЦА (23 август – 22 септември)

Експериментирајте со тантела …

Беќарите/момите ќе уживаат во љубовта. Ако веќе сте во врска, одете на пикник со пријателите да ги дополните батериите, советува „Штипка“. И покрај тоа што нема да има големи парични добивки, нема да имате никакви тешкотии во врска со домашните трошоци. Сепак, контролирајте ја тенденцијата да трошите премногу. Чувајте се од случајни повреди. Возете внимателно и внимавајте на остри предмети.

ВАГА (23 септември – 23 октомври)

Пробајте фустан со риги …

Колебањето на беќарите/момите може да биде пречка за напредок во врска со спротивниот пол. Оние во врска ќе бидат преокупирани со други важни прашања. Планетите ќе ја подобрат финансиската состојба, вели „Штипка“. Искористете го ова поволно време и зграбите ги сите можности да заработите екстра пари. Никакви сериозни здравствени проблеми не се предвидени. Сепак, останете внимателни во врска со вирусни инфекции или алергии.

ШКОРПИЈА (24 октомври – 22 ноември)

Бохо фустан и кожена јакна

Вљубените ќе уживаат оваа недела, претскажува „Штипка“. Но, брачните парови ќе имаат потешкотии во одржување на хармонијата. Не е препорачливо да започнете врска надвор од бракот. Домашните трошоци, најверојатно, ќе се зголемат и значително ќе го нарушат домашниот буџет. Згора на тоа, не се предвидуваат големи парични добивки. Останете внимателни во врска со проблеми поврзани со респираторниот систем. Постои можност за забоболка. Водете сметка и за исхраната.

СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)

Добра недела за беќарите/момите во однос на сериозна и долготрајна врска. Брачните двојки, пак, ќе имаат потешкотии поради разликите во мислењата.  Воздржете се од какви било големи обврски поврзани со финансиите. Држете се за она што ви е познато, наместо да се обидете да преземете непознати ризици. Вообичаена кашлица и настинка предвидува „Штипка“ коишто ќе ве дефокусиранаат од работата. Земајте лекови пропишани од лекар.

ЈАРЕЦ (22 декември – 29 јануари)

Оваа недела релаксирајте се со некое интересно здолниште ….

Ќе бидете шокирани од недолично однесување на некој емотивно близок, претскажува „Штипка“. И за беќарите/момите оваа недела нема да биде поволна. Разведрете се, сепак, бидејќи ова е само привремена фаза и наскоро ќе помине. Ќе направите големи трошоци поврзани со семејството, но најверојатно ќе се справите лесно. Планирајте долгорочни инвестиции. Некоја навидум тешка ситуации ќе ве вознемири, па затоа релаксирајтесе и медитирајте. Болките поврзани со респираторниот систем и болките во зглобовите треба да бидат третирани што поскоро.

ВОДИЛИЈА (21 јануари – 18 февруари)

Носете фустан со точки …

Ќе ги ’испеглате’ разликите со партнерот и ќе уживате во задоволствата на брачната живот. И оние во стабилна врска ќе имаат пријатно време, претскажува „Штипка“, додека беќарите/момите  ќе најдат некој со кого ќе може да ’сковаат’ добра врска. Финансиите се добри. Ако позајмувате пари, прашајте како ќе ви бидат вратени. Бидете внимателни со вирусните инфекции. Внимателно возете и обрнете внимание на остри предмети.

РИБИ (19 февруари – 21 март)

Пробајте некоја секси спортска комбинација …

Ќе останете во романтично расположение. Беќарите/момите ќе си најдат сродна душа, но во брачниот живот, разликите со партнерот ќе се зголемат. Неочекувани трошоци поврзани со домаќинството ќе ги пореметат плановите. Воздржете од донесување големи финансиски одлуки. Ако страдате од висок крвен притисок, бидете многу внимателни, предупредува „Штипка“. Избегнувајте стресни ситуации колку што е можно повеќе.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button