Реклама
Рецепти

Хит десерт за крај на долго и топло лето – овошни ражничи!

Реклама

Забавувајте се со вашите деца и направете вкусен и здрав десерт кој сигурно ќе ги воодушеви сите членови на семејството или вашите гости!

Маркетинг

Во овој период се уште има изобилство од здраво и вкусно свежо овошје. Овошјето е одличен избор (посебно ако ви се јаде благо) за крајот на летото, кога температурите се сé уште високи па со него ќе се освежите, а воедно ќе ви помогне и да се снабдите со витамини и да го зачувате имунитетот и доброто здравје.

Многу луѓе со задоволство јадат лубеница, диња и праски во топлите денови. Тие се вкусни, сочни, слатки и полни со вода, но не мора да ги јадете на вообичаениот начин. За крајот на летото би ви препорачале да пробате еден интересен начин како да се освежите со помош на овие намирници – направете овошни ражничи!

Маркетинг

Се што ви е потребно се стапчиња за ражничи и овошје кое што го сакате. Колку повеќе видови, тоа подобро и пошарено, а палетата на различни вкусови ќе ве воодушеви. Исечете го овошјето по избор на коцки, наредете на стапчиња и послужете на семејството, пријателите, гостите…

Можете да користите што сакате – боровинки, малини, капини, диња, праска, лубеница, портокал, јаболко, грозје, банани, киви, ананас, лимон… сè што сакате или имате дома. Бидете креативни па исечете го овошјето во различни облици со помош на модели, за што поради структурата најдобар избор ви се дињата и лубеницата. По желба, можете да ги послужите со убав и вкусен сладолед или кога температурите ќе паднат, да ги прелиете со (овошен) јогурт.

Забавувајте се и играјте се со вкусовите, наредете ги на чинија и послужете ги во друштво, сите ќе бидат воодушевени.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button