Реклама
Шминка

Најчести грешки кои ги правиме при обликување на веѓите

Реклама

Веѓите имаат моќ целосно да го трансформираат лицето и се вистинска круна на очите.

 Секоја жена барем еднаш во животот пробала да ги обликува своите веѓи, но колку од нас навистина успеале во тоа?

Маркетинг

Целта на обликувањето на веѓите е да се постигне баланс помеѓу цртите и формата на лицето и да се акцентира убавината на очите. Но идеално оформените веѓи тешко се постигнуваат. 

Се обидувате тие да бидат симетрични

Маркетинг

Не заборавајте двете веѓи речиси никогаш немаат иста форма затоа што ни двете страни од нашето лице не се идентични. Доколку премногу се обидувате ќе претерате со истенчувањето и нма да сте задоволни од резултатот.

Наеднаш отстранувате повеќе влакненца

Можеби мислите дека штедите време кога набрзина ги кубите своите веѓи во обид што побрзо да излезете низ вратата. Но, факт е дека кубејќи по неколку влакна истовремено лесно може да создадете „дупки“ во веѓите кои тешко се коригираат.

Ги кубете веѓите во спротивна насока од онаа која растат

Оваа грешка може да предизвика влакненцата да започнат да растат хаотично, во „погрешна“ насока. Исто така ја зголемувате веројатноста од иритација на кожата.

Оставате премногу простор над носот

Многу жени во обид да ги избегнат споените веѓи создаваат преголемо растојание помеѓу нив. Тоа придонесува носот да изгледа поголем, а очите премногу раздалечени.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button