Реклама
Култура[тор]

Добротворен концерт Серменин

Реклама

Здружението на граѓани „Зелената aрка“ на 27.04.2012 (петок), во просториите на Младинскиот културен центар организира добротворен концерт за обнова на објектот на поранешното основно училиште во селото Серменин, сместено на Кожуф планина во општина Гевгелија.

Обновувањето на објектот е сегмент од поширокиот концепт за промовирање на пермакултурата, како метод на свесно дизајнирање и одржување на продуктивни екосистеми, кои ја имаат разновидноста, стабилноста и отпорноста на еко-системите во природата. Тоа значи хармонично интегрирање на човекот со природната околина – задоволувајќи ја неопходноста за храна, енергија, засолниште и други материјални и нематеријални потреби.

Маркетинг

Средствата од влезниците за концертот ќе се употребат за санација на училишниот објект, со што ќе се овозможат просторни услови за формирање и функционирање на првиот едукативно истражувачки центар за пермакултура во Република Македонија. Улогата на овој центар ќе биде да создава свесност, да врши едукација, да гради капацитети, потикнува социјална вклученост и да промовира вредности насочени кон одржувањето на здравата животна средина.

Со своето учество на концертот, оваа иницијатива ja помагаат повеќе македонски музичари и музички групи меѓу кои: Bernays Propaganda, Sethstat, Лоши деца, Conqering Lion…
Покрај музичкиот дел, во програмата се предвидени и работилница за изработка на билна спирала, проекција на филмот „Вовед во пермакултурен дизајн“ (Introduction to permaculture design), изложба на фотографии, како и промоција на брошурa за пермакутурен дизајн.

Маркетинг

Зелената Арка
ул.Мавровска 11
1000 Скопје, Р.Македонија
+389 02 2043014
www.zelenataarka.mk

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button