Диети

Еве кои диети најчесто ги користат познатите девојки

Реклама
Реклама

Доколку мислите дека сте една од ретките кои имаат сериозни проблеми со килограмите, тогаш помислете само како им е на познатите, на кои кариерата им зависи од физичкиот изглед.

Многу славни личности ги имаат откриено своите трикови со кои ја одржуваат својата линија од соништата.

Маркетинг

Ова се нивните тајни, иако најверојатно постои и листа со фитнес тренери, масери и јога учители кои им помагаат за тие да изгледаат совршено. Но, пред да почнете да користите било каков рецепт, посоветувајте се со вашиот доктор, бидејќи многу лесно може да се случи да изберете диета која што не е за вас.

Рис Витерспун

Маркетинг

Преубавата манекенка ослабе така што држеше диета која што се базира на храна за бебиња. Да добро прочитавте! Оние кои што ја држат оваа диета можат да изедат и до 14 порции од храната за бебиња дневно. А покрај сето тоа можат да си дозволат и раскошна вечера, особено ако паралелно со диетата и вежбаат.

Ким Кардашијан

Ким се придржува на диета со замена на оброците. Оваа диета се базира на тоа што еден оброк го заменувате со шејк или здрава мешавина од житарици како би го намалиле внесувањето на калории.

Гвинет Палтроиу

Гвинет ослабна со алкална диета. Таа престана да внесува намирници кои создаваат киселина како што се кафето, шеќерот, преработени јаглехидрати и млечни производи. Оние што држат алкална диета, воглавно јадат зелена салата, како што е спанаќот или псевдожитарки каква што е киноата.

Бијонсе

Бијонсе држеше диета за прочистување на организмот. Оваа детоксикација трае десет дена, а во тој период оние што ја држат пијат само вода, јадат пиперки, лимун, пијат растителни чаеви и сируп од јавор.

Бред Пит

Неговата диета се состои од план на исхрана кој се одвива според односот 40:30:30. Овој однос подразбира калории од јаглехидрати, протеини и масти кои се внесуваат според тој редослед.

Мадона

Мадона држи микробиотичка диета. Таа се базира  на исхрана во која преовладуваат растенија, воглавно житарки. Покрај ова се внесува и многу малку масти.

Деми Мур

Деми Мур ја одржува килограмите јадејќи само сирова храна. Се што јадете мора да биде „живо“, и смее да се загрее најмногу до 40 степени. Најмногу се внесува зеленчук овошје, семки, јаткасти плодови и махунарки.

Кетрин Зета Џонс

Аткинсовата диета промовира храна која што содржи многу малку јаглехидрати. Најмногу се внесуваат протеини за енергија и зеленчук со малку јаглехидрати каков што е кељот. Преубавата Кетрин најчесто ја држи токму оваа диета,  а за неа можете да прочитате на следниов линк.

[види тука]

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button