Диети

Диетата и рецептите на Алиша Силверстон со кои лесно ќе ги изгубите килограмите

Реклама
Реклама

 

„Престанав да јадам месо и крофни и мојот живот се подобри. Брзо забележав напредок, па се решив да станам вегетаријанец“, вели Алиша, која веќе 11 години не јаде намириници од животинско потекло. Забележала дека ú ги снемало пегите по ноктите, косата и станала погуста и појака, сонот редовен, а очите помалку и поретко ú отекувале. Сепак, признава дека нејзиниот пат кон здрав живот не бил едноставен. Било напорно, но во тоа добила помош од љубовта кон животните која ја носи во себе уште од детството.    

Маркетинг

„Кога имав осум години, мојот брат започна да прави грозни звуци, имитирајќи животни и тоа додека јадев. Се шегуваше за тоа дека јадам животни и тоа беше толку грозно, па се решив да станам вегетаријанец. Потоа се откажав од таа идеја затоа што мајка ми не ми дозволуваше. Ми рече дека сега сум мала и дека кога ќе пораснам, можам сама да решам за тоа.“, раскажува Алиша во својата книга.

Покасно, кога имала 21 година гледала некој суров документарец за измачување на животни и тогаш ставила точка околу ова прашање и на нејзиниот стил на живот. 

Маркетинг

Колкаво е интересирањето за нејзините рецепти без месо, јајца и млечни производи, говори и податокот дека набргу после објавувањето на книгата, направи и сопствен сајт. Овде, освен кулинарските содржини, можат да се пронајдат и совети за убавина, здравје и уредување на домот, во кои се препорачува како во стресно време да бидете добри со себе и светот кој што ве опкружува. „Мојата цел е сите драгоцени тајни кои ги открив на овој пат кон здрав и квалитетен живот, да ги споделам со сите кои си посакуваат добро на самите себе“ – порачува Алиша. 

Прочитајте ги рецептите кои ги препорачува холивудската актерка:

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2 3 4 5Следна страница

Поврзано

Back to top button