Диети

Диета со јајца

Реклама
Реклама

Ослабете 10-18 килограми за 4 недели

Диетата со јајца се заснова на храна со ниска содржина на јаглени хидрати без зголемување на заситените масти. Јајцата се одличен извор на протеини и други хранливи состојки. Тие содржат есенцијални амино киселини и исто така се и важен извор на витамини Б2, Б12, Д, Е, фолати, како и железо.

Маркетинг

Дигестивниот систем е во состојба да произведе доволно шеќери за вашето тело и да ги согорува мастите кога се консумира храна со висока содржина на протеини, а со ниска содржина на јаглени хидрати. Телото нема друг избор освен да ги претвора мастите во телото во гликоза. Главната идеја е дека не е важна количината на храната која се внесува, туку количината на јаглени хидрати. Потребно е јаглените хидрати да се сведат практично на нула, но не е неопходно да се намали количината на масти и внесените калории. Јајцата се одличен избор за оваа диета бидејќи содржат протеини и брзо заситуваат така што нема да чувствувате глад подолго време. Постојат повеќе варијанти на диетата со јајца. Варијантата која ви ја предлагаме тука трае четири недели во текот на кои можат да се загубат од 10 до 18 кг.

Оваа диета е позната и како диета со јајца, цитрони, виршли и банани или како диета со јајца, краставици, портокали и јогурт бидејќи сите овие намирници се консумираат во текот на диетата. Леб и секакви бели пецива се строго забранети. Оваа диета е погодна за сите возрасти и нема потреба да се внесуваат дополнителни витамини. Мора строго да се придржувате на распоредот на намирниците и наведените количини.

Маркетинг

Прва недела

Појадокот е ист секој ден: 1/2 портокал или цитрон и 1-2 варени јајца

Понеделник:
Ужина: чаша јогурт со ниска масленост
Ручек: овошје колку што сакате (портокали, јаболка, круши, диња, лубеница и т.н.)
Вечера: пржено или варено месо

Вторник:
Ужина: чаша јогурт со ниска масленост
Ручек: варено или печено пиле без кожа
Вечера: 2 варени јајца, салата од краставици свежи или од тегла, портокал или цитрон

Среда:
Ужина: еден портокал или половина цитрон
Ручек: немрсно сирење колку сакате, 1 парче црн леб, краставици
Вечера: пржено или варено месо

Четврток:
Ужина: чаша јогурт со ниска масленост
Ручек: овошје колку што сакате (портокали, јаболка, круши, диња, лубеница и т.н.)
Вечера: пржено или варено месо, салата со краставици

Петок:
Ужина: чаша јогурт со ниска масленост
Ручек: 2 варени јајца, варен зеленчук (мешавина од зеленчук или боранија или морков или грашок)
Вечера: варена или печена риба, салата со краставици, 1 портокал или цитрон

Сабота:
Ужина: чаша јогурт со ниска масленост
Ручек: овошје колку што сакате (портокали, јаболка, круши, кајсии, диња, лубеница и т.н.)
Вечера: пржено или варено месо, салата со краставици, може да се додаде и домат

Недела:
Ужина: чаша јогурт со ниска масленост
Ручек: варено или печено пиле без кожа, домат, краставица, 1 портокал или цитрон
Вечера: варен зеленчук

Втора, трета и четврта недела

Појадок секој ден: 1/2 портокал или цитрон и 1-2 варени јајца

Понеделник:
Ручек: пржено или варено месо, салата
Вечера: 2 варени јајца, салата, 1 портокал или цитрон

Вторник:
Ручек: пржено или варено месо, салата
Вечера: 2 варени јајца, 1 портокал или цитрон

Среда:
Ручек: пржено или варено месо, краставици
Вечера: 2 варени јајца, 1 портокал или цитрон

Четврток:
Ручек: 2 варени јајца, немрсно сирењеколку што сакате, варен зеленчук
Вечера: 2 варени јајца

Петок:
Ручек: варена или пржена риба
Вечера: 2 јајца

Сабота:
Ручек: пржено или варено месо, домат, 1 портокал или цитрон
Вечера: мешавина од свежо овошје (портокал, мандарина, диња, праска, јаболка)

Недела:
Ручек: варено или печено пиле без кожа, краставици, варен зеленчук, 1 портокал или цитрон
Вечера: варено или печено пиле без кожа, салата, варен зеленчук, 1 портокал или цитрон

Диетата со јајца може да се прекине и по две недели ако сте задоволни со резултатите. Повеќето луѓе губат повеќе од 5 килограми за 2 недели. Ако ја прекинете диетата продолжете да го јадете појадокот пропишан во диетата уште две недели до еден месец за да не ви се вратат изгубените килограми. Не се препорачува диетата да се држи подолго од 4 недели иако нема пријавени лоши искуства.

Брза диета со јајца

Ова е уште една варијанта на диетата со јајца која е построга и предвидува да се јадат само тврдо варени јајца и да се пие вода. Можете да јадете јајца колку што сакате. Исто така, се препорачува да се пие само вода. Не морате да вежбате додека ја држите диетата, но прошетките секако дека ќе ви помогнат.

Во текот на оваа диета со јајца килограмите многу брзо се топат и искуствата на оние што ја држеле се многу позитивни, но бидејќи организмот е лишен од многу хранливи состојки, не треба да се држи подолго од 7 дена.

Добри и лоши страни на диетата

Изгладнувањето со диети не е најдобар начин за слабеење бидејќи може да доведе до штетни последици по организмот. Нутриционистите и стручните лица препорачуваат губење 1-2 килограми неделно како најздрав начин за губење на тежината.

Лошата страна на диетата со јајца првенствено се однесува на тоа што предизвикува затвор и гасови. Високо протеинската диета може да биде лоша за бубрезите. Отстранувањето на јаглените хидрати од исхраната и консумирањето на високо протеинска храна предизвикува дехидрација и спречува телото потполно да ги согори мастите. Ова доведува до создавање на кетони во телото и предизвикува кетоза. Поради кетозата диетата е полесна, бидејќи го намалува апетитот, но може да предизвика мачнини.

Најздравиот начин за губење на тежината е да јадете помалку, да вежбате, да се движите и да јадете храна која ги содржи сите потребни хранливи материи но што е можно помалку калории. Се препорачува јајца да се консумираат во умерени количини, а да се јадат само јајца не е најдобро решение за слабеење, како впрочем и секоја едноличната исхрана.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button