Реклама
Кафе муабет

Мајки, дали оваа фотографија ве навредува?

Реклама

Компанијата за производство на детски колички „Bugaboo“ во моментот се наоѓа во центарот на жестока расправа која ја покренеа мајките ширум светот.

Тие се разлутија од последните фотографии кои беа објавени на официјалните Фејсбук и Инстаграм страници на познатиот бренд.

Маркетинг

Фотографијата со атрактивната манекенка Имре Стикеме која трча во бикини и истовремено ја турка количката со своето дете не ја воодушеви публиката. Таа беше објавена на официјалните профили на Инстаграм и Фејсбук на брендот „Bugaboo“ чија што количка беше користена за време на кампањата, но нивните фанови веднаш споделија негативни коментари за кампањата.

Маркетинг

Она што требаше да биде инспирација стана навреда за мајките ширум светот кои на социјалните мрежи го нападнаа брендот со жестоки коментари поради нереалната слика на мајчинството кое што се гледа на овие фотографии. „Да, сите ние трчаме по улиците во бикини. Реално оваа мајка би требало да има на себе хеланки и маица со остатоци од бебешките повраќаници“, напиша една жена , додека друга ја пофали беспрекорната линија на девојката и додаде дека маркетинг пристапот на брендот е сосема погрешен и неразумен.

Што мислите вие?

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button