Диети

Бразилска диета – 12 кг. помалку за 1 месец!

Реклама
Реклама

Бразилската диета е една од најпопуларните брзи диети која ветува губење на дури 10 килограми за 2 недели!

Маркетинг

Оваа диета постои во две варијанти брза и нормална и овде ви ја претставуваме нормалната варијанта бидејќи брзата е многу сиромашна со хранливи материи и може негативно да влијае на здравјето, така што не се препорачува.

Нормалната варијанта на бразилската диета трае 4 недели за кои можат да се загубат 12 килограми. Предвидените намирници се главно овошје и зеленчук, има 4-5 оброци дневно, така што планот за исхрана може релативно лесно да се спроведе на дело, секако со одредени одрекувања и голема упорност.

План за исхрана за 7 дена

Маркетинг

Понеделник

појадок: 1 портокал, 1 банана и 1 чаша сок од портокал
ужина: 1 чаша сок од портокал и 1 парче тост (двопек)
ручек: 100 грама варена риба, 100 грама салата од свеж зеленчук
вечера: исто како ручекот
пред спиење: 1 чаша сок од портокал, 1 мало парче тост.

Вторник

појадок: 1 меко варено јајце, 1 чаша сок од јаболка
ужина: 1 мало парче тост, 1 чаша сок од јаболка
ручек: 100 грама варено месо, 2 варени компири, 4 листови зелена салата
вечера: 200 гр. варена риба, 1 тврдо варено јајце, зелена салата, грашок (пожелно свеж, ако нема – тогаш од конзерва)
пред спиење: 1 чаша сок од јаболка, 1 тост.

Среда

појадок: 1 чаша немрсно млеко, 1 парче тост
ужина: 100 гр. немрсно сирење
ручек: 100 г. ориз, 150 г. салата од свежа зелка со прелив од 1 лимон и лажица ситно сецкан магданос
вечера: 100 г. варено месо, 1 јаболко, 4 листови зелена салата
пред спиење: 1 чаша сок од јаболка, 1 мало парче тост.

Четврток

појадок: 1 чаша сок од ананас, 60 г. ананас
ужина: 1 чаша сок од ананас, 1 мало парче тост
ручек: 100 г. варено месо, мало парче сирење и 1 портокал
вечера: 2 варени компири, 150 г. салата од свеж рендан морков со малку масло
пред спиење: 1 чаша сок од ананас, 1 парче тост.

Петок

појадок: 1 чаша сок од јаболко, 1 мал тост
ужина: 1 јаболко, 1 портокал
ручек: 150 г. варена риба, 2 мали варени моркови
вечера: 1 чинија супа од зеленчук (или крем супа од печурки или рибја чорба), мало парче леб
пред спиење: 1 чаша сок од портокал, 1 мало парче тост.

Сабота

појадок: 1 чаша сок од јаболко, 1 парче тост
ужина: 150 г. салата од варено рендано цвекло со малку масло
ручек: 1 чинија супа од зеленчук, крем супа од печурки или рибја чорба, 1 мало парче леб
вечера: 100 г. пржени печурки, 100 г. салата од свеж зеленчук по желба
пред спиење: 1 чаша сок од јаболко, 2 бисквити.

Недела

појадок: 1 банана, 1 шака грозје
ужина: 1 чаша сок од морков, 1 мало парче тост
ручек: 100 г. варено месо, 100 г. салата од свежа зелка, млад лук и сок од 1 лимон
вечера: 1 чинија супа од зеленчук, крем супа од печурки или рибја чорба 1, 100 г. овошје, 4 листови зелена салата
пред спиење: 1 чаша сок од јаболко, 2 суво смокви.

Овој план за исхрана се повторува по потреба од 2 – 4 недели, но никако подолго од тоа. По завршувањето на диетата се препорачува исхраната да содржи повеќе овошје и зеленчук и постепено да се зголемува количината на намирниците со протеини. Диетата е богата со овошје и зеленчук така што организмот прима доволно витамини и минерали. Храната е распоредена во 5 оброци што помага да се одржи чувството на ситост и да се избегне падот на шеќерот во крвта.

Во текот на диетата се препорачува секојдневна умерена физичка активност како шетање, возење велосипед или пливање, барем 30 минути.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button