Реклама
Celebrity

ШОКАНТНА МОДА: Бикини со брадавици?!

Реклама

Овој модел се вика „TaTa Top“, а е дело настанато во склоп на кампањата #FreeTheNipple (ослободете ги брадавиците) на дизајнерите Робин Грејвс и Мишел Литл.

За оваа кампања веќе пишувавме кога ја објавивме провокативната комбинацијат на Каруче Тран, девојката на Крис Браун, кога таа не носеше градник. Станува збор за движење кое го покрена продуцентката Лина Еско во обид да стави точка на двојните стандарди кои се однесуваат на родовата припадност. Во суштина, прашањето е следно – зошто на мажите им е дозволено да НЕ носат горен дел на костим за капење, а на жените не им е?

Маркетинг

„Зошто девојките не можат да бидат топлес? Доколку подобро размислите, која е разликата помеѓу женските и машки брадавици? Дали е проблемот во тоа што има нешто повеќе градно ткиво? Дали, сепак, проблемот е во тоа што женските гради одат во пар со вагина? Дали присуството на женски гради во светот е толку грдо и срамно за да не смее да се види? Кого го штити овој закон и од што? Каква порака тој им пораќа на младите жени и како ги наведува да се чувствуваат во врска со своето тело – дали треба да се срамат и да ги покриваат?“ – се прашуваат дизајнерите.

Маркетинг

Инаку, во Америка процент од секој продаден горен дел од овој костими за капење оди како донација за истражување на рак на дојката. Во моментот бикинито е достапно само во боја на кожата, а дизајнерите Робин и Мишел најавија дека наскоро ќе има и во други бои.

Извор: Marie Claire.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button