Диети

Бијонсе зборуваше отворено за вишокот килограми

Реклама
Реклама

Познатата пејачка призна дека целиот живот има проблеми со прекумерната тежина, а како не е една од оние коишто се природно слаби, таа се уште се мачи да се врати во форма по породувањето.

Маркетинг

Бијонсе отворено зборуваше за проблемите што ги имаат жените по бременоста, а посебно се задржа на проблемите со вишокот килограми. Иако помина повеќе од година дена од раѓањето на нејзината ќерка Блу Ај, пејачката се уште ги чувствува овие проблеми.

„Во текот на бременоста се здебелив повеќе од 20 килограми, а немав доволно време да ги изгубам бидејќи имав закажано настап само 3 месеци по пораѓањето. Тоа никогаш повеќе нема да го направам. Јас не сум од оние жени кои се природно слаби, па затоа цел живот се борам со килограмите и мора напорно да работам како би го одржувала телото во форма. Не треба сите да бидат еднакви. На сите жени би им препорачала да бидат задоволни со својот изглед и да уживаат во малите нешта кои што ги прават посебни“ – раскажа Бијонсе за магазинот Shape.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button