Диети

Антицелулитна диета – ослободете се од целулитот на здрав начин, брзо и лесно

Реклама
Реклама

Следува антицелулитна диета која што го решава проблемот на целулитот така што ги топи масните наслаги на точно определено место.

Една од главните причини за појава на целулитот е собирањето на штетни материи и вода кои што се таложат во мрсните клетки, а оваа диета го решава токму тој проблем и ја топи мрснотијата на точно одредено место.

Маркетинг

1.ден:

Појадок: 1.5 дл млеко со ниска масленост или еден јогурт, една лажичка мед, една лажичка овесни снегулки и круша.

Маркетинг

Ужина: 40 г суво овошје.

Ручек: Пилешки гради во сос и варен ориз: 100 г пилешко, 40 г ориз, пиперка, лук, магданост, супа од зеленчук, кисела павлака без мрснотии или јогурт, маслиново масло, сол и феферони.

Ужина: Портокал.

Вечера: Салата со јајца, шунка и 5 г интегрален леб, 60 г. Зелена салата, варено јајце, 50 г. Шунка, 4. Лажички сок од портокал, сол и феферонки.

2 ден:

Појадок: Милкшејк од 1.5 млеко со ниска масленост и 125 г. банани.

Ужина: 40 г суво овошје.

Ручек: Тестенини во сос од печурки: 40 г тестанини, 200 г печурки, лук, власец, две лажички кисечла павлака со ниска масленост или јогурт, сол и 20 г. мелени ореви.

Ужина: Интегрално печиво со 30 г. сирење со ниско ниво на маснотии.

Вечера: Салата од три лажички сок од портокал, 1 лажичка оцет и пиперки со интегрален препечен двопек со свежо беровско сирење.

3 ден:

Појадок: 250 г. малини, 1.5 дл. млеко со ниска масленост, лажица зобни трошки, 2 лажици мед.

Ужина: 40г. суво овошје.

Ручек: Супа од зеленчук:  ситно исечена пиперка и чешнак кромид, пола литар супа од зеленчук, 200 г. тиквички и 1 пиперка исечкана на коцки, 50г. шунка, 50г. грав, сол, црн пипер, маслиново масло, оцет, сос од соја.

Ужина: Јаболка.

Вечера: Салата од пилешко и тиквички: 60г. зелена салата, 200г. тиквички, 3 лажици сок од портокал, лажица оцет, сол, црн пипер, 3 лажици кисело млеко или јогурт и 40г. интегрален леб.

4 ден:

Појадок: Фрапе од 1.5 дл. млеко со ниска масленост и 100 г. манго.

Ужина: 40г. суво овошје.

Ручек: Риба со ориз: 40 г. ориз,  2 филе листови од риба, лажица сок од лимон, сол, црн пипер, лажица исечкан рен и лажица копар, 2 дл. супа од зеленчук, 2 лажици кисело млеко или јогурт, 1 домат.

Ужина: ИНтегрално печиво со 20г. шунка.

Вечера: Салата од шампињони и интегрално печиво.

5 ден:

Појадок: Исечкана јаболка, лажица сок од лимон, јогурт, лажица зобни трошки и лажица мед.

Ужина: 40г. суво овошје.

Ручек: Свински нарезок на источен начин: краставица исечкана на кругови, пола пиперка, две лажици сок од портокал, лажица оцет, пола лажица масло, сол и црн пипер, лажица коријандер во прав, пола чешнак кромид, 2 лажици сос од соја и 50г. интегрален леб.

Ужина: Пола ананас или една банана.

Вечера: Салата со морков и брокула: 250г. зелена салата, 200г. морков, 100г. варена брокула, две лажици немасно кисело млеко, лажица сок од портокал, лажица сенф, сол и црн пипер, 40г. интегрален леб и 30г. шунка.

6 ден:

Појадок: Киви, јогурт и лажица зобни трошки.

Ужина: 40г. суво овошје.

Ручек: Омлет со спањак, 100г. варен спањак, две жолчки од јајце, шлаг од две белки од јајце, кромид, полоа чешнак лук, маслиново масло и 40г. интегрален леб.

Ужина: 50г. интегрален леб со две парчиња салама од мисирка.

Вечера: Салата со кнедли од соја и пиперка.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button