Реклама
CATWALK

Нов едиторијал за Trgovski.mk и македонскиот бренд Астибо: „Another Faux Fur Story“

Реклама

Модната блогерка Дани низ објективот на фотографката Ерина Богоева

Ги здруживме силите си нашата позната фотографка Ерина Богоева и во соработка со модната блогерка Дани Ѓуровска го снимивме овој едиторијал за интернет продавницата Трговски.мк. Во преден план е прекрасната бунда со потписот на македонската модна куќа Астибо во која се вљубивме на прв поглед особено затоа што е направена од вештачко крзно! Материјалот е толку нежен, мек и квалитетен што и врвните познавачи тешко би забележале дека не станува збор за вистинско крзно. Дани, која овој пат се најде во улога на модел, ни покажа одлична варијанта како да ја носиме и да изгледаме елегантно, женствено, гламурозно, секси, заводливо и смело.

Маркетинг

Even Better Than the Real Thing

Маркетинг

Зошто да носиме вистинско крзно, особено сега кога модните куќи почнувајќи од светските до домашните ни претставија одлични модели од вештачко крзно кое изгледа дури и пораскошно од вистинското? Познатите ИТ девојки и минатата година шетаа во бунди и крзнени елеци, а модните писти и оваа сезона беа преплавени од фантастични модели од вештачко крзно со кои нашите комбинации можеме да ги подигнеме на повисоко ниво и да изгледаме шик и гламурозно. Да, тоа доминира и оваа сезона и е присутно насекаде низ улиците, а она што посебно не радува е што се поголем број на светски познати модни куќи се откажуваат од вистинското крзно. Некои пак, како во светот, така и кај нас, никогаш не користеле крзно од животни, па ни материјали кои се од животинско потекло. Модната куќа Астибо е една од нив …

Да, бундата што ја носи Дани на фотографиите навистина изгледа феноменално и претставува совршен пример дека поради иновативните материјали што ги имаме денес тотално е непотребно да користиме облека од вистинско крзно. Тоа го кажува и фактот што во последно време сè повеќе брендови се приклучуваат на меѓународната програма „Трговија без крзно“ (види тука), а со ова неетичноста и крајната декаденција на носење на животинско крзно веќе ја потврдија водечките модни куќи во светот, па крајно време е тоа да го направиме и ние.

Последните неколку години вештачкото крзно стана задолжителен дел од зимските комбинации. Причините за неговата популарност се многу, од раскошните изработки, варијации во моделите, се до хуманоста и подостапните цени за потрошувачите. А сé започна од легендарната кампања на „Пета“ од 1994 година кога Наоми Кемпбел и Синди Крафорт позираа голи и го промовираа слоганот „I’d rather go naked than wear fur.” Во прилог на популаризација на вештачкото крзно оди и цитатот на легендарната американска актерка Дорис Деј:

„Убивање на животни заради капут е грев. Жена што одбива да носи било што убиено е вистинска убавица. Таа дури тогаш го добива својот вистински статус!“

dani gifot new

Па, вистинско или вештачко крзно – во кој табор припаѓате вие?

види повеќе »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button