Реклама
Шопинг

Тренди бунда од модната куќа Астибо поради која се уверивме дека вештачкото крзно е мноооогу подобро од вистинското!

Реклама

Дали сакате облека од вистинско крзно?

Искрено се надеваме дека овој едиторијал што го направивме во соработка со блогерката Дани Ѓуровска и фотографката Ерина Богоева барем малку ќе ве натера да размислите дали треба да купувате облека од вистинско крзно. Особено сега кога на пазарот е преплавен со феноменални парчиња од вештачко крзно кое изгледа  подобро од вистинското и откако голем број светски познати брендови кажаа НЕ на крзното, односно на убивањето животни.

Маркетинг

Па, дали ги сакате животните?

Маркетинг

Досега никогаш немам чувано животно, но и покрај тоа што немам некое поголемо искуство со нив (покрај искуството со два-три пајаци што си ги имаме во канцеларија, како и со главните јунаци од „Животинска фарма“), тоа не значи дека не ги сакам или дека не ги разбирам оние што ги сакаат. Сепак, од секогаш сум имала некакво негативно расположение кон крзното, и едноставно никогаш не сум помислила да носам облека од крзно. Сè до сега, додека случајно не налетав на ова парче од македонскиот бренд „Астибо“ од кое се воодушевив. Станува збор за бунда од вештачко крзно, секако. Но кога ќе погледнете одблиску материјалот од кој што е направена, кога ќе ја допрете со рацете, па и со лицето, ќе забележите дека навистина изгледа фантастично. И го немате она непријатно чувство кога допирате вистинско крзно. Токму затоа и решивме да го направиме овој едиторијал, а се со намера да го споделиме нашето воодушевување со вас. Од друга страна, воопшто немаме намера да ги осудуваме оние што сакаат да носат вистинско крзно, бидејќи во крајна линија секој е одговорен за својот живот и за изборите што ги прави, а ние не сакаме да се мешаме во тоа. Всушност, и јас се уште носам кожени патики, па и ремени и чанти од кожа, што значи дека сум далеку од 100 % „веган“ кога е во прашање мојот моден избор. Но, она што можам да го забележам (а токму тоа е и она што сакаме да го споделиме со вас!) е дека во последно време синтетичкиот процес кој се користи за создавање на вештачко крзно се повеќе напредува, така што сега на пазарот постојат производи кои изгледаат дури и подобро од вистинското крзно. Токму таква е и оваа бунда за која сум и повеќе од сигурна дека секоја жена би сакала да ја има во своите плакари.

Да, бундата што ја носи Дани на фотографиите навистина изгледа феноменално и претставува совршен пример дека поради иновативните материјали што ги имаме денес тотално е непотребно да користиме облека од вистинско крзно. Тоа го кажува и фактот што во последно време сè повеќе брендови се приклучуваат на меѓународната програма „Трговија без крзно“ (FurFreeRetailer), вклучувајќи ги и водечките луксузни брендови во светот на модната индустрија како Michael Kors, Gucci, Armani, Yoox Net-a-Porter, Stella McCartney, Ralph Lauren и Hugo Boss. Со ова неетичноста и крајната декаденција на носење на животинско крзно веќе ја потврдија водечките модни куќи во светот, па крајно време е тоа да го направиме и ние.

Кликни тука и види ја цената на оваа бунда >>

Особено сега, кога вештачкото изгледа многу подобро, нели?

Целиот едиторијал можете да гo видите тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button