Реклама
Холивуд

Ќе даде 100 милиони евра за обнова на Богородичната црква во Париз

Реклама

Сопругот на Селма Хаек понуди 100 милиони евра за обнова на катедралата Нотр Дам во Париз

Францускиот милијардер Франсоа Анри Пино, сопругот на славната холивудска актерка Селма Хаек вети дека ќе даде 100 милиони евра за помош на катедралата Нотр Дам која во понеделникот беше зафатена од пожар.

Маркетинг

Семејството Пино, вклучувајќи го и Франсоа, сопругот на актерката, наводно ветило 100 милиони евра за реставрација на познатото издание.

Понудата од милијардерот кој е сопственик на Гучи и Ив Сен Лоран следуваше само неколку часа откако францускиот претседател Емануел Макрон започна меѓународно собирање на средства и вети дека катедралата која повеќе не е иста, за брзо време ќе биде повторно обновена.

Маркетинг

„Мојот татко и јас одлучивме да издвоиме 100 милиони евра и да учествуваме во реконструкција на Нотр Дам“, соопшти Пино, пренесуваат странските медиуми.

Пино е главен на компанијата Керинк, која е сопственик на познатите брендови како што се Гучи и Сен Лоран, но и претседател на компанијата која што ја поседува познатата аукциска куќа Кристис.

 

Моментот кога паѓа кулата од пожарот во Нотр Дам

Еден од најбогатите Французи е во брак со холивудската актерка Селма Хаек од 2007 и имаат ќерка Валентина

https://www.instagram.com/p/BwSrlzRlghr/?utm_source=ig_embed

Селма на својот профил на Инстаграм наведе дека како и многу други била шокирана и тажна што гледа убавина како Нотр Дам се претвора во чад

„Те сакам, Париз“, порача Хаек.

По цели девет часа тешка борба со огнот, во раните утрински часови француските пожарникари успеаја да го стават под контрола пожарот и да ја спасат катедралата.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button