Интервју

Јордан Митев: „Посебно сум среќен што добив ќерка, сакав првото да е женско“

Тоа е едно неописливо чувство, момент на измешани емоции кога во раце држете една душачка која е создадена од вас, рече пејачот.

Реклама
Реклама

Популарниот пејач Јордан Митев неодмана се изреализира во најважната улога на еден човек- стана родител.

Принтскрин/ Јутјуб

Ќе потсетиме дека убавата вест за тоа дека ќе стане татко Митев за првпат ја сподели летото во интервју за Гламур.мк.

Маркетинг

Не чекавме долго за да му испратиме прашања околу тоа како се снаоѓаат мама и тато со малата Кристина, како се чувствува и да ни открие зошто се одлучија токму за ова име.

Маркетинг
Фото: Приватна архива

Во продолженике уживајте во убавиот разговор со Јордан Митев.

За почеток како се снаоѓате во родителските води?

Мислам дека одлично се снаоѓам и ќе се снаоѓам и во родителските води поради повеќе причини, а најголемите две причини се, нашата ќерка е плод на љубов и е долго очекувана, 6 години, и другата причина е што јас сум навикнат да функционирам, да живеам и да се грижам за семејство, иако немав до сега деца.

Фото: Приватна архива

Да живее живот кој бил само за себе, па дури во екстремна ситуација не спремен да се грижи ниту за себе а има многу такви примери, тогаш родителската состојба ќе била претпоставувам терет, но сега, сега мојот живот е поубав, комплетно исполнет и реализиран на сите полиња. Се надевам така ќе остане и во иднина.

Фото: Приватна архива

Што помисливте и како се почувствувавте кога првпат ја земавте во раце Кристина?

Тоа е едно неописливо чувство, момент на измешани емоции кога во раце држете една душачка која е создадена од вас. Фала му на Бога. Бидејќи знаете, во денешно време и со стресниот живот кој сите го живееме и проширувањето на семејството прераснува во проблем кај многу луѓе од нашата генерација.

Посебно сум некако среќен што е ќерка, зошто не знам, но сакав првото да е ќерка.

Фото: Приватна архива

Дали сте татко кои помага околу сите работи со бебето, бањање, менување пелени и сл?

Немам јас проблем со тоа, обврската околу едно дете е подеднакво голема за двајцата родители.

Фото: Приватна архива

Нормално мајката поминува повеќе време со детето, но сепак и таткото треба да направи тоа што има потреба во моментот.

Одбравте преубаво име, зошто се одлучивте за Кристина , дали можеби има некоја приказна?

Името Кристина беше повеќе желба на сопругата бидејќи кога ја крстиле Славица тоа било избор на нејзните родители а во предлозите за нејзино име било и името Кристина. Почувствував дека на некој начин тоа и било голема желба бидејќи знаеше така од време на време да ми го спомне името Кристина. Затоа сакав да и се исполни желбата. Секако и за мене тоа е убаво женско име со големо христијанско значење.

Фото: Приватна архива

Дали вашата ќерка веќе ве инспирира за нова музика?

Да, секако. Да се ослободам малку од обврските и настапите и прва прилика кога ќе бидам некој период послободен сигурно ќе се роди нова музика и нова песна. За тоа морам да се затворам во тој мој свет за да извадам нешто од длабочината на душата.

Фото: Приватна архива

За крај , она што ги интересира сите, на кого наликува малата Кристина? :)

Па, Кристина наликува и на мама и на тато, и ме радува што е така, затоа е наша ќерка.

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button