Реклама
Наши ѕвезди

Спасен Силјаноски има нов хит: „Ој ти девојче, мори МАКЕДОНСКО МОМИЧЕ, дојди си кај мене, јас да ти го…“

Шармантниот пејач ги израдува своите бројни обожаватели на социјалните мрежи

Реклама

Познатиот македонски фолк-пејач, Спасен Силјаноски, на социјалните мрежи пушти видео од една веселба во Скопје.

Спасен кој неодамна го заврши одморот и им се врати на напорните настапи, на својот профил на Фејсбук објави видео од една веселба на која што, како што самиот вели, прв пат ја испеа неговата песна.

Во прашање е песната „Ој девојче, ти момиче“ со која Спасен ги развесели гостите кои се фатија во оро на песната.

Маркетинг

Ако судиме според коментарите, нема сомнеж дека и оваа песна на Спасен ќе стане хит како и многу други негови песни.

Маркетинг

Приватна архива

Имено, Спасен со песната „Ќе ти дојдам вечер“ направи вистински бум на ТикТок, каде луѓе од цел свет снимаат видеа со неговиот хит.

Приватна архива

Како што самиот Спасен во интервју за Гламур магази појасни, песната е снимена уште во 2017 година за Лешочки фолк фестивал.

„Единствена прагматика ми беше дали ќе ја прифати помладата публика и надвор од Балканот, за тоа не бев сигурен и еве по 5 години песната почна да се слуша и низ целиот Балкан , па и низ целиот свет. И баш ми е мило што ја слушаат сите генерации од најмало до најстаро. А и оние, еве посебно за кај нас во Македонија, што не го слушаат народниот мелос и што тврдеа дека тие песни се сељачки,„ ние см е урбани, клупски ликови… “ е сега истата таа песна, кога ќе дојдат пејачи од соседството и ќе им ја испеат по клубови, истите тие луѓе на таа песна врескаат, урлаат, што ми паѓа задоволство, но во исто време ми е и чудно“, вели Спасен за неговата песна што го крена целиот Балканна нозе.

Теа Таировиќ игра на песната на Спасен

А дали и песната во која Спасен пее „Ој ти девојче, мори македонско момиче“ ќе стане хит, останува времето да покаже.

@tairovic.tea

#ketidojdam #trending #fy #fyp #live #viral #macedonia

♬ original sound – 🎧_𝑀𝑂𝐽𝐴𝑀𝑈𝑍𝐼𝐾𝐴_🎧

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button