Со него би одела и до крај на светот – Тамара во прегратките на познатиот македонски пејач, јавно му изрази љубов
Македонската поп - дива јавно му изрази љубов на познатиот пејач.
Тамара сподели стара фотографија и напиша емотивна порака до Билбилов.
Тамара Тодевска е сопственичка на најголемите маедонски хитови, а добар дел од нив ѝ ги има направено токму композиторот и пејч Роберт Билбилов.
ФОТО: Инстаграм / Тамара Тодевска
Уште од многу млада ја има започнато својата музичка кариера и досега има соработувано со многу ѕвезди и познати композитори.
Тамара е една од ретките македонски поп – пејачки кои може да се пофалат дека редовно имаат настапи, а на нив пее само свои песни.
ФОТО: Инстаграм / Тамара Тодевска
Со својот глас Тамара ја освои и европската публика со настапот на Евровизија 2019 година во Тел Авив.
Нејзиниот љубовен живот е секогаш интригантен за публиката.
ФОТО: Инстаграм / Тамара Тодевска
Неколку години беше во брак со поранешниот кошаркар Александар Димитровски – Мачка, а плод на нивната љубов се нивните деца Хана и Дарен.
По разводот со Мачка, Тамара соопшти дека е повторно вљубена и тоа во архитектот Лука.
ФОТО: Инстаграм / Тамара Тодевска
Таа постојано објавува фотографии со Лука, на кои се гледа дека парот максимално ужива во заеднички поминатото време и обожаваат да патуваат.
Оние кои ги познаваат велат дека Тамара и Лука ги има споено истиот темперамент.
ФОТО: Инстаграм / Тамара Тодевска
По повод роденденот на најдобриот пријател на Тамара, Роберт Билбилов, таа одлучи да му напише емотивна честитка.
На Инстаграм сподели фотогрфија од времето кога биле деца и погледнете што напиша: