Реклама
Новости

Скопјанка се ФРЛИЛА низ прозорецот на Гинекологија откако станала МАЈКА- жената се бори за живот на КАРИЛ

 Родилката е од Скопје, има 39 години и бебето го добила со инвитро оплодување

Реклама

Голема трагедија се случи  вчера во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“во Скопје. Триесет и деветгодишна  жена од Скопје се бори за животот на КАРИЛ, откако претходно се породила на Клиниката за гинекологија.

Таа  за кратко време откако станала мајка се фрлила од први кат на скопската Клиника за Гинекологија, вели директорката Викторија Јовановска за медиумите.

„Пациентката кај нас е донесена во 36-та недела донесена  во средатасреда, со крварење, предвремено отцепување на постелката и загрозен живот и за неа и за бебето, кој бил спасен од страна на гинеколозите на ГАК.. Не е следена нејзината бременост на Гинекологија. За 12 минути е породена и спасени се и таа и бебето.

Маркетинг

Ден пред да си оди потпишала дека не сака да го дои бебето и што, како се случило не знаеме. Не ја ни знаеме причината за нејзината одлука. Сите се шокирани, а мајката е во критична состојба“, вели доктор Јовановска.

Според нашите информации, повредената пациентка била итно пренесена на КАРИЛ, на Одделот за неврохирургија, каде што и била извршена итна операција, но никој од лекарите не ја знае точната причина за одлуката на штотуку породената жена.
– Во средата била донесена на итно породување, а од приемот до породувањето поминале само 12 минути, а тоа значи дека имала лесно породување, вели директорката.

Маркетинг

Мајката родила живо и здраво бебе тешко околу 2.400 грама. Со оглед на тоа дека породувањето поминало без проблеми, за денеска се подготвувале документи за заминување од болница, но мајката синоќа скокнала од прозорецот, објави „Фактор“.

Родилката е од Скопје, има 39 години и бебето го добила со инвитро оплодување.

Бебето е во добра состојба, но исходот за родилката е неизвесен,

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button