Реклама
Новости

Откако ја критикуваа дека е дебела, Селена Гомез во НАЈУБАВОТО ИЗДАНИЕ што сме ја виделе досега

Први фотографии откако поранешната најдобра пријателка на Селена Гомез јавно ги демантираше гласините дека била принудена да и' донира бубрег на пејачката

Реклама

Познатата пејачка ги воодушеви сите со своите нови фотографии

Популарната пејачка и актерка Селена Гомез (31) која важи и за најголема женска ѕвезда на Инстаграм, сподели фотографија на која позира во црвен горен дел со прерамки и панделки на нив.

Нејзината коса беше собрана во елегантно коњско опавче и врзана со црна лента, а целото издание го „зачини“ со преубави обетки.

Маркетинг

Таа позираше гледајќи занесно кон камерата додека во позадината се гледаа златниот лустер и дрвениот покрив.

Маркетинг
Фото: Инстаграм

Покрај ова свое издание познатата пејачка позираше и во тиркизен корсет со син и виолетов цветен дезен од лаванди.

Фото: Инстаграм

Таа најпрво направи селфи додека лежи на креветот, а потоа го откри и својот комплетен аутфит и ги воодушеви сите.

Фото: Инстаграм

Имено, Селена корсетот со кој го истакна своето раскошно деколте го носеше со долга сукња од светол џинс, со суптилен шлиц.

Фото: Инстаграм

Инаку, овие фотографии на Селена доаѓаат откако нејзината поранешна најдобра пријателка, Франче Рајзе (35), ги демантираше гласините дека била приморана да донира бубрег за пејачката.

„Никој не ме присили на ништо. Тоа произлезе од искрената љубов во моето срце и оттогаш сум многу благословена“.

Фото: Принтскрин, Јутјуб

Таа потоа додаде и дека нејзината животна приказна е успешна и објасни дека сега се грижи подобро за себе отколку порано.

Рајзе и популарната пејачка прв пат се запознаа во 2007 година, додека беа тинејџерки и веднаш станаа многу добри пријателки.

Фото: Инстаграм

Но откако таа и го донираше бубрегот, нивниот однос се искомплицира и често нивните расправии завршуваа во медиумите.

Фото: Инстаграм

Порака до хејтерите

Инаку, во последно време некои корисници на социјалните мрежи и замеруваат на пејачката заради вишокот килограми.

Од тие причини таа неодамна позираше во издание со кое го долови сиот раскош на својата природна убавина и ги воодушеви сите.

Фото: Инстаграм

Пејачката и тогаш ги остави сите без зборови, позирајќи во костим за капење и истакнувајќи ги облините, што не го прави често.

Таа притоа покажа како изгледаат и нејзините пријателки (следната фотка), кои исто така се горди на својата природност.

Фото: Инстаграм

Оние што ја критикуваат – тешко ќе ги поднесат овие слики на пејачката со кои таа предизвика лавина од реакции.

Бонус галерија

Фото: Инстаграм

Селена Гомез на прославата на својот 31 роденден

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button