Реклама
Наши ѕвезди

Од што се плаши првата дама на Франција: Многу жени се соочуваат со истиот страв што го има Брижит Макрон

Реклама

Сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон (67) од првиот брак има три деца и седум внучиња.

Во разговор за францускиот магазин Ел, Брижит признала дека по излегувањето од родилиштето по раѓањето на првото дете се чувствувала „немоќно и исплашено“.

Маркетинг

– Се плашев дека нема да знам што би требало да правам со бебето, се плашев дека ќе направам нешто погрешно. Стравував дека на мојот син нешто ќе му се случи.

Маркетинг

Првите три недели плачеше без престан и дење и ноќе и бев очајна поради тоа, се сеќава првата дама на Франција.

Според нејзините зборови, во светот малку се говори за тоа колку младите мајки се исплашени и беспомошни кога со бебето ќе се вратат дома.

– Кога го родив првиот син и чекав пуштање од болница, стоев пред зградата и чекав сопругот да дојде по нас, а всушност единствено што сакав е да се завртам и со трчање да влезам назад во зградата, беше искрена Брижит.

Кога после три седмици, исплашен поради константното плачење на синот повикала педијатар, тој ја уверил дека бебето е добро. Дури подоцна открила дека нејзиниот син Себастијан имал здравствен проблем кој е решен со оперативен зафат. Тој денес е инженер и има 45 години.

– Да се биде мајка е многу тешко, за тоа малку се заборува, констатира првата дама на Франција.

Во првиот брак Брижит Макрон добила и две ќерки – Лоранс работи како кардиолог и Тифани која работи како адвокат и која во средно училиште била во исто одделение со Емануел Макрон.

Двојката се запознала кога Емануел Макрон имал само 15 година, а Брижит 39 години. Се запознале во средното училиште каде Макрон покажал големо интересирање за книжевноста која ја предавала токму идната прва дама на Франција.

Година дена подоцна се зближиле токму во драмската секција кој ја водела токму Брижит.

Кога гласините за романсата меѓу малолетниот ученик и мажената мајка на три деца почнале да се шират со брзина на светлината, Макрон родителите го испратиле во Париз. Родителите на Брижит преживувале пекол поради осудата од околината – третирани се како да имаат чума, луѓето им ѕвонеле на врата и изговарале гадости за нивната ќерка, добивале купови писма со навредлива содржина…

Но, привлечноста меѓу двајцата која ги рушеше пуританските норми била толку силна што на крајот ги победила сите предрасуди. Брижит и Емануел Макрон се заедно од 2007, година деба откако актуелната прва дама на Франција се разведе од првиот сопруг Андре.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button