Реклама
Наши ѕвезди

Ова е мајката на еден од нашите најпознати фолк-пејачи – Сиљаноски за неа пее со солзи во очите (видео)

Познатиот фолк пејач ѝ се обрати со емотивни зборови, имаше посебна причина за тоа

Реклама

Нашиот познат фолк-пејач Спасен Сиљаноски се огласи преку Фејсбук и со емотивната порака ги воодушеви сите.

Имено, тој сподели фотографија од неговите родители, но и една среќна вест која никого не остави рамнодушен.

Како што самиот откри со оваа своја објава, неговата мајка Јагода славеше роденден, па под фотографијата на која е таа и таткото на Спасен, а пред нив и роденденската торта , пејачот напиша:

Маркетинг

„Среќен роденден мамичке, да си ми здрава и жива уште долги години. Едноставно мора да те има, инаку кој ќе ми ги пишува најубавите текстови 😉….( и плаче и пее, може ли заедно)“, напиша Спасе на Фејсбук.

Маркетинг
Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Потсетуваме,Спасен потекнува од с. Пополжани Кичевско, за кое вели дека е најубавото местенце во Македонија.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Тој важи за посветен сопруг и татко, но посебно е приврзан и со неговата мајка која ги пишува текстовите за неговите песни.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Една е мајка

И токму песната „Мајка“ е една од неговите најпопуларни песни, песна која неговата мајка ја има напишано за друг пејач.

Оваа снимка набрзо доби многу прегледи на социјалната мрежа Јутјуб. На пејачот кој не можејќи да ги задржи емоциите додека ја пееше песната, од почетокот до крајот на изведбата му течеа солзи.

Најтажната песна што тој ја пее е нејзино дело

„Ќе ми простите што ја пеам со треперлив глас но емоциите си го прават своето … Оваа песна мислам дека е една од најемотивните и најубавите која ја имаме создадено со мојата мајка … за жал не беше ксмет да извадам јас студиска снимка. Прв пат ја изведувам во живо во емисијата „Имат Немат“ во придружба на група Чардак …

„Ви ја посветувам на сите вас драги пријатели и љубители на Македонската музика, на сите вас кои знаете што значи зборот МАЈКА, а посебно за мојот драг другар Bosko Karadakoski“, напиша тој во една прилика на Фејсбук споделувајќи го видеото што може да ги видите во продолжение.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button