Реклама
Вирално

Нови детали во врска со малата Данка која исчезна во вторникот – во потрагата се вклучи и Интерпол

Полицијата ја анализира снимката од Виена на која наводно е и малата Данка Илиќ од Бор

Реклама

Потрагата по малата Данка се уште трае

Полицијата се уште интензивно трага по двегодишната Данка Илиќ која исчезна во вторникот околу 13.45 во близина на Бор.

Како што објавија медиумите, двегодишното девојче во моментот на исчезнувањето на себе носеше виолетови панталонки, маслинесто зелена јакничка и косата му била врзана во опавче.

Маркетинг

Девојчето исчезна во вторникот попладнето во Бањско поле во близина на градот Бор во Србија.

По исчезнувањето на девојчето во Србија за прв пат беше вклучен системот Пронајди ме популарно наречен „Амбер алерт“.

Маркетинг

Принтскрин/ Социјални мрежи

Медиумите вчера објавија снимка на која се гледа девојче што многу личи на Данка, а која е направена во Виена.

Принтскрин/ Социјални мрежи

На снимката малото девојче кое личи на Данка е заедно со две жени од Романија, но идентитетот на овие лице се уште не е утврден.

Принтскрин/ Социјални мрежи

Полицијата се уште утврдува дали на снимката е Данка, а во истрагата се вклучи и полицијата од Виена.

Во потрагата се вклучи и Интерпол кој објави меѓународна потрага, а амбасадата на Србија во Австрија апелира до сите што во оваа земја ќе го препознаат исчезнатото девојче да пријават во полиција.

Принтскрин/ Социјални мрежи

Потсетуваме, Данка Илиќ има две години и исчезна во вторникот, 26 март околу 13.45 часот во близина на градот Бор.

Принтскрин/ Социјални мрежи

Со ваков апел се огласија и многу познати ѕвезди кои апелираат до оние што живеат во Виена, а меѓу првите тоа го направија пејачите Драгана Мирковиќ и Слоба Радановиќ (види тука).

Интерпол издаде жолта потерница

Во потрагата се вклучи и Интерпол кој издаде жолта потерница, а полицијата од Србија интензивно сорботува со органите во Виена и се обидуваат да го идентификуваат девојчето што се наоѓа на снимката од Виена која беше направена во саботата околу 20 часот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button