Реклама
Хороскоп

Неделен хороскоп за 21-27 септември, 2015

Реклама

Астрологијата е една од најстарите наука, почитувана во историјата од големите и мудреците. Ниту еден цар не постигнал мир или војна, ниту еден генерал борба. Накратко, ниту една важна одлука не е донесена без консултација со астролог. Кога ова важи за царевите и генералите, тогаш што ни преостанува нам освен и ние да ’погледнеме’ во ѕвездите.

nedelen21 27sept1

Овен (21 март – 20 април)
Оваа недела посветете повеќе внимание на вашите финансиски работи и односи, особено кога станува збор за пари што ги очекувате или треба да ги добиете од женско лице. Постои веројатност за појава на разни пречки и непредвидени околности.
Ќе се надевате на поддршка или помош за ваш важен план од страна на машко лоце во знакот на Риби, Рак или Шкорпија. Ако имате син или внук родени под еден од овие три знаци, може да очекувате весел настан поврзани со него.
Добра вест, предлог или покана ќе добиете лице во знакот на Близнаци, Вага или Водолија кое живее во друго место или странство.

Маркетинг

Бик (21 април – 20 мај)
Оваа недела некој неочекуван проблем може да се случи од финансиска природа, што ќе ви ги наруши или ќе внесе конфузија во вашите прелиминарни планови и очекувања.
Не дозволувајте вашата работа да се меша во приватниот живот на колеги или клиенти, особено ако знаете некои тајни поврзани со нив. Ќе има опасност од непријатна ситуација од која на вам лично ќе ви биде непријатно поради лошо пресметани акции и коментари од ваша страна.
Оваа недела може да ве изненади со предлог или шанса за нова работа, но тешко дека тоа е нешто стабилно и ветувачко.
Лошата вест или настан поврзан со некој ваш пријател со кого често имате кавги, расправии и различни мислења.

nedelen21 27sept2

Маркетинг

Близнаци (21 мај – 20 јуни)
Оваа недела повеќето од вас ќе поминат низ една кратка, но многу непријатна ситуација поврзана со машко лице над 35 години.
Може да очекувате собир или посета која ќе вклучи дете, внуче или друг млад човек од вашето семејство. Ќе има вести или настан поврзан со раѓање на машко бебе, крштевка и друго.
Оваа неделата е поволна за сè што е поврзано со патување – и за вас и за уште едно лице од вашето семејство. Тие ќе се радуваат поради вести од далеку или пратка/подарок што вие ќе го добиете од некој кој живее далеку од вас.
Ова ќе биде поволна недела за преселба или некој вид заминување.

Рак (21 јуни – 20 јули)
Ова ќе биде важна недела исполнета со настани, промени и други вести поврзани со млада жена од семејството или од кругот на пријателите, родена во знакот на Бик, Девица или Јарец.
Ако имате парница оваа недела, пазете се од појава и интервенција на друго лице во истата – веројатно од женски пол.
Ќе добиете вести во врска со здравствени проблеми на роднина или лице коешто го знаете, но ситуацијата ќе се развие поволоно и во корист на болниот.
Ќе добиете и вести во врска со долгоочекуван успех или предлог.
Домашните проблеми ќе се појават во вашиот дом или во домот на роднина кому ќе му затреба вашата помош.
Во некои случаи, неочекувано лоши вести ќе искрснат во врска со имотно-правни прашања.

nedelen21 27sept3

Лав (21 јули – 21 август)
Ако вашиот брачен другар или интимен партнер е роден во знакот на Вага, Близнаци или Водолија, оваа недела пред вас е сериозен разговор или настан во вид на испитување, вклучувајќи сомневање, недоразбирање и надворешно мешање во вашата врска.
Семејните или професионалните/деловни односи кои вклучуваат машки лица во знакот на Лав и други мажи ќе бидат многу важни во одредувањето на идните планови и намери.
Претстои болка поврзана со некоја посета.
Ќе добиете вести поврзани со болно лице кое го познавате и кое живее во друга заедница. Пред него ќе биде брзо и успешно лекување.

Девица (22 август – 22 септември)
Оваа недела ќе решавате домаќински или имотни проблеми поврзани со домот или блиски роднини. Може да имате среќа со купување на нешто ново или со ненадеен поволен развој на голем проблем во домот.
Финансиски, оваа недела ќе биде поволна за вас, но внимавајте на парите и не трошете на непотребни нешта. Може да има поволна промена за вас, вклучувајќи постабилен или подобар приход.
Љубовниот живот ќе се усложни со појава на разни проблеми или со повторување на грешките од минатото, лоши приказни или конфликти околу некоја стара љубов.

nedelen21 27sept4

Вага (23 септември – 22 октомври)
Во текот на оваа недела, може да бидете дел од собир, средба или настан кој ќе експлодира во многу непријатен конфликт. Поради некоја причина, ќе се чувствувате навредени, засегнатати или погрешно обвинети. Ќе има неочекувана паника од ненадеен настан и последователен стрес.
Ќе бидете изненадени од лице во знакот на Лав, Овен или Стрелец.
Очекувате развој на непријатна ситуација во животот на жена која живее далеку од вас. Во некои случаи, со оглед на нејзиното незнаење, може е мудро да се дистанцирате од жената за која се сомневате (а можеби и имате докази) дека таа ве искористува на некој начин.

Шкорпија (23 октомври – 22 ноември)
Финансиските односи со жена од редовите на вашите пријатели може да не се на соодветна висина во текот на неделата. Можно е да добиете предлог за подобро платена работа токму преку таа жена.
Ако имате дете или внук во знакот на Јарец, Девица или Бик, оваа недела ќе имате обврски поврзани со неговото образование или професионален развој. Очекувајте вести во врска со работа/кариера на веќе возрасни деца или внуци.
Ова ќе биде поволна недела за земање лекови или третман во врска со идно мајчинството.
Некои од вас ќе бидат среќни оваа недела поради добивање на наследен имот, семејна пензија, ануитет или друго наследство.
Шанса да се поправи една врска, прекината од различни причини, со пријател/сонародник/роднина.

nedelen21 27sept5

Стрелец (23 ноември – 21 декември)
Оваа недела можеби ќе бидете подложен на несакан стрес поврзан со големи или неочекувани трошоци, тешкотии во добивањето пари или со некој вид загуба. Бидете внимателни за сè што е поврзано со пари, без разлика дали се работи за вас лично или не.
Ќе ви биде мило поради вести или настани поврзани со дете кое живее далеку од вас. Тој/таа може да е во знакот на Водолија, Вага и Близнаци, но не задолжително.
Може да бидете разуверени во врска со проблем на едно дете.
Ќе почнете да набљудувате и да размислувате во врска со активности на лице со кого сте поврзани на професионален или деловен план. Ќе има одредена причина за ова, но во никој случај таа нема да биде непријатна…

Јарец (22 декември – 20 јануари)
Оваа недела ќе се вклучите во два претстојни настани поврзани со лични или семејни празници/веселби што вклучуваат жена и маж/близок ваш пријател. Ќе имате многу обврски кои треба да се балансираат со задоволство, и покрај вашите сериозни обврски.
Неочекувано патување ќе биде пријатна прилика за забава или неочекувано пријатно изненадување од личност која живее во друго место или град.
Ќе ви искрсне нова, можеби неочекувана можност, со бавен развој додека не постигнете успех, но секако тоа ќе биде шанса која можеби нема да се повтори во вашиот живот.

nedelen21 27sept6 

Водолија (21 јануари – 19 февруари)
Најважно за оваа недела е да избегнете конфликти! Ќе ви останат сите ваши проблеми и неуспеси ако дозволите тоа да се случи. Можеби оваа тензија ќе влијае врз вашето здравје.
Ќе добиете вести што ќе ве воодушеват и ќе ве разубедат во врска со некоја мака или проблеми што сте ги имале претходно. Можност во форма на подадена рака, или некој вид интересен предлог.
На прагот сте да донесете важна одлука или да преземете сериозни мерки што ќе влијаат на некој начин врз момче или млад човек во вашето семејство. Некои од вас може да чекаат развој на тужба во врска со машко лице.

Риби (20 февруари – 20 март)
Една одредена личност во вашиот дом или во близина на вашиот дом ќе создаде непријатност оваа недела. Ова дефинитивно ќе биде личност родена во знакот на Јарец, Бик или Девица.
За жените можна љубов и разделба по долго одложување што ќе даде надеж дека може да ја стабилизирате врската.
Ќе има непријатна ситуација во животот на блиска женска роднина (кражба, проневера на пари и др.).
Собир во семејството кога ќе се дискутира за иднината и кој ќе опфати заеднички активности што ќе бидат поврзани на некој начин со пари. Ќе се разгледува и можноста од земање кредит/заем за одредена цел: нов дом, семеен бизнис и друго.

 

Големиот месечен хороскоп за септември ве чека овде.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button