Реклама
Новости

Најсреќна сум жена на светот – се огласи и мајката на Шерифовиќ, никогаш не била олку среќна!

Веста ги израдува сите, но посебно најблиските на Марија

Реклама

Познатата пејачка се огласи

Откако познатата пејачка Марија Шерифовиќ сподели фотографија од својот син Марио и ги изненади сите, се огласи и гордата баба Верица Шерифовиќ која не ја крие среќата што си доби внуче.

Верица е заедно со Марија во Америка каде сурогат мајка го роди бебето во една клиника во Лос Анџелес.

Маркетинг

Верица сега, прв пат откако го доби внучето, се огласи и не можеше да ја сокрие среќата што станала баба.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

„Јас сум најсреќната жена на светот! Ми се роди внук. Во Америка и не би се огласувала повеќе. Само сакам сите да знаат колку сум горда“, изјави Верица во интервју за српскиот „Блиц“.

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Потсетуваме, Марија Шерифовиќ долго време сакаше да добие бебе, па на крај одлучи да го направи тоа со сурогат мајка.

Веста ги изненади сите, а откако беше објавена веднаш почнаа и претпоставките околу тоа кој би можел да биде таткото.

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Но како што откри Марија, тоа останува тајна, бидејќи таков е договорот. Таа само спомена дека кога ќе дојде време нејзиниот син ќе дознае сé во врска со овој процес и дека нема да крие ништо од него.

Марија веста дека конечно има бебенце ја сподели така што објави фотографија од Марио и веднаш предизвика бура од реакции.

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Голем број колеги и честитаа на приновата, а по некое време Марија повторно се огласи и го напиша следново:

„Малку останав без текст… За прв пат во животот! Ви се заблагодарувам што ја делите радоста со мене.

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Гледам дека сте сите шокирани, затечени и во неверица. Тоа кажува само едно – имам пријатели злато вредни!

Ви благодарам што сте тука од првиот ден!

Ви се заблагодарувам што ја поддржавте секоја моја одлука. Ви се заблагодарувам што ме туркавте напред кога и самата за момент ќе застанев. Ви се заблагодарувам што оваа тајна ја чувавте. Ова нема никогаш да ви го заборавам.

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Многу пати сум кажала, но ќе повторам и сега.

Под моите крилја секогаш ќе има место за вас, и додека стојам, постојам и чекорам се што е мое е и ваше.

А сега одам да го клумкам млекцето“, напиша гордата мама.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button