Реклама
TV

Наследникот на најубавиот пар од Турција ГО ПРОСЛАВИ ПРВИОТ РОДЕНДЕН – на кого ви личи малиот?

Еве како изгледа малиот принц на Бурак и Фахрие

Реклама

Бали-бег и неговата сакана објавија преубава вест

Бурак Озчивит и неговата сакана Фахрие Евџен на почетокот од минатата година по втор пат се остварија во улога на родители.

Тие на својот син тогаш му дадоа име што води потекло од арапскиот јазик, а има значење на великодушен, благороден, срдечен.

Маркетинг

Шармантниот Бали-бег и неговата сопруга долго време го криеја Керем од јавноста, а првата фотографија ја објавија два месеци по неговото раѓање воодушевувајќи ги нивните бројни обожаватели.

Маркетинг
Фото: Инстаграм

Но тие и потоа не претеруваа и ретко го експонираа во медиумите, како и нивното прво дете, малиот Каран.

Фото: Инстаграм

Но сега имаа посебна причина за тоа.

Фото: Инстаграм

Имено, на малиот Керем му беше прв роденден, па еден ваков значаен момент заслужува да биде објавен на Инстаграм.

Фото: Инстаграм

Прва тоа го направи неговата мајка, убавата актерка која се пофали дека имале посебна причина за славење.

Фото: Инстаграм

„Мојот син ми го разгалува срцето кога ќе го погледна, ме воодушевува со неговата насмевка, сé процветува во мене бидејќи мириса на цвеќе… Среќен роденден, срце мое! Толку те сакам“, напиша убавата актерка со фотографија од момчето, а потоа следуваа и други означени со „мојот мал принц“.

Фото: Инстаграм

Фотографии објави и Бали-бег кој синот го најави како „најслаткото нешто што ќе го видите денес. Тој е принцот на мама, а на тато – лав“.

Фото: Инстаграм

На социјалните мрежи веднаш почнаа да се шират коментари на кого повеќе личи малиот и полемиката се уште трае. И додека едни тврдат дека исто како и неговото постаро братче, Каран, и Керем личи на згодниот татко, според други – целиот е на мама.

Фото: Инстаграм

Што мислите вие?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button