Реклама
Home Sweet Home

Направете ЧУДО ОД РАСТВОР ЗА ЦВЕЌИЊА: Од ова ќе ви цветаат цело лето – ви треба само 1 СОСТОЈКА

Постојат различни рецепти за природни ѓубрива, а ако одгледувате растенија, веројатно веќе сте пробале некои од нив. Најпопуларното хранење е со кора од банана и лушпи од јајца, додека орхидејата се храни со раствор од ориз.

Реклама

Покрај наводнување, плевење и многу љубов, на нашите растенија им треба одвреме-навреме хранење, без разлика дали се работи за цвеќиња од затворен простор или за растенија што ги одгледувате на тераса или во двор. Ви пренесуваме едноставен трик со само една состојка – рицинусово масло!

Често користиме рицинусово масло за нега на коса, а има и одлични примени во градинарството. Му дава на растението хранливи материи, го поттикнува цветањето, а искусните градинари истакнуваат дека ваквото хранење е одлично и кога веќе се појавиле пупките, бидејќи тогаш цветовите можат да бидат побујни и да траат подолго.

ФОТО: Принтскрин

Потребно е само да додадете една лажичка рицинусово масло во литар вода што е во шише неколку дена. После тоа, протресете го шишето за да се измеша маслото со водата.

Веднаш по тресењето, наводнете ги растенијата со оваа вода.

Маркетинг

Ако растението цвета еднаш годишно, едно такво хранење е доволно. Ако растението постојано цвета, потребно е да се храни еднаш месечно.

ФОТО: Принтскрин

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button