Реклама
LIFESTYLEВирално

Мечките секоја вечер му краделе од медот: Овој пчелар им постави замка и на крјаот се изненади од резултатот

Реклама

Мечките едноставно сакаат мед и не е изненадувачки на што се подготвени само за да го добијат она што го сакаат.

Тие често им создаваат главоболка на многу пчелари.Овие грабливци се чести гости на пчеларските фарми, но сепак тие се многу непосакувани бидејќи штетите што ги предизвикуваат понекогаш вредат илјадници долари. Сепак, многу пчелари, како што е Ибрахим Седеф, се трудат да ги заштитат своите пчеларници на секаков начин.

Според ДАА, Ибрахим Седеф живее во Трабзон, Турција и е земјоделски инженер кој работи со пчеларство. Подолго време, Седеф се бори со локланите мечки кои му го уништуваат пчеларникот и јадат медот.

Маркетинг

За да ги заштити пчелните куќи, тој се обидел да ги обезбеди со ставање метални огради околу нив. Седеф исто така се обиде да остави храна, како што е леб, овошје и мед, во обид да ги спречи мечките да не ги оштетуваат пчеларниците. Сепак, ни тоа не функционираше добро и некои пчелни куќи се уништени.

Па така пчеларот одлучи да научи повеќе за движењето и однесувањето на мечките. Тој го стори тоа со инсталирање на фотоапарати како еден вид стапици за да ги следи мечките кои шетаат на неговата фарма.Додека се обидуваше да сфати како да ги надмине овие алчни животни, Седеф излезе со една брилијантна идеја.

Маркетинг

Тој реши да ги претвори овие мечки во дегустатори на мед.Пчеларот постави маса со 4 вида мед. Тој не беше разочаран од резултатот. Како што се испоставува, мечките имаат прилично изострен вкус за мед. Седеф изјави за ДХА дека мечките биле привлечени од миризбата на медот од Анзер бидејќи секогаш го вкусувале прво, останатите не ни ги допираат.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button