Реклама
Вирално

Македонците во Германија заработуваат и преку 3000 евра месечно – ПОГЛЕДНЕТЕ колкави им се платите и кои се најплатени

Реклама

Многу наши граѓани кои живеат во Германија работат на тешки работи како што се градежните и во просек заработуваат од 2500 до 3000 евра месечно.

Покрај градежништвото, многу наши сограѓани работат и во угостителството каде платите се нешто помали во просек, додека медицинските сестри, во најразвиената европска земја зимаат и до 2600 евра.

Маркетинг

Во последниве години, недостатокот на работна сила во медицинскиот сектор се повеќе се компензира со „увоз“ на медицински сестри од Балканот, Мексико или Филипини, а голем број граѓани од нашата земја работат во Германија и како негуватели и се грижат за возрасни лица.

Домовите за стари лица и болниците се толку очајни во потрагата по работна сила што им плаќаат на посредници до 15.000 евра за да донесат негувателка од странство, каде почетната плата во просек е околу две илјади евра бруто.

Маркетинг

Македонците во Германија исто така многу често работат и во металната индустрија и производство, а многумина се и шофери. Покрај ова има многу наши сограѓани кои работат и како чистачи и одржувачи, а во просек ова се помалку платени работи и најчесто се заработуваат до 2000 евра.

Според податоците на порталот „Дојче веле“ просечната месечна бруто плата во Германија за 2018 година изнесува 2950 евра. Но ова е бруто плата, а за да ја пресметате просечната нето плата, значи онаа која што на крајот од месецот ја добиваат вработените на своите сметки, откако ќе се одбијат даноците, всушност е 33 отсто помала.

Исто така треба да се истакне и дека платите во Германија значително се разликуваат и по градовите. Па така на пример многу повеќе се заработува во Франкфурт, Минхен и Штутгарт, односно во поразвиените градови.

Најплатени се во ИТ секторот

Од друга страна оние што се вработени со академско образование заработуваат и до 40 отсто повеќе од останатите. но според пресметките, Македонците во Германија најчесто заработуваат и до 30 отсто помалку од Германците кои што се на истата работна позиција.

Во продолжение погледнете го и прегледот на платите кои што ги објави германскиот завод за статистика.

Ѕидарите 2900 евра, керамичари 2660 евра, молери 2350 евра, медицински сестри 2600 евра, масер 2450 евра, негуватели 2350 евра, доктори 6600 евра, работник во производство 2500 евра, електротехничар 3460 евра, шофер на камион 2400 евра, шофер на автобус 2200 евра, магационер 1900 евра, келнери околу 1800 евра, собарки околу 1800 евра.

Швајцарија VS Германија

Гледано од аспект на Македонија, платите во Германија можеби се значително повисоки, но гледано на пример од перспектива на Швајцарија или Данска тие се пониски. Тоа го покажуваат и статистиките и бројките, но и искуствата на сите оние кои заминале во овие земји.

Па така на пример доколку имате плата во Германија од околу 2000 евра, за месечни трошоци како што се кирија и сл., ќе потрошите околу 1000 евра (ова в случај да живеете сам во станот). Но и покрај големите трошоци, повторно ви остануваат пари за еден нормален и скромен живот, и со правилен распоред и штедење, можете и да напредувате.

Одлив на медицински сестри

Повеќе од педесет илјади жени претежно од Западен Балкан се занимаваат со медицинска сестра во Германија.

Домовите за стари лица и болниците се толку очајни во потрагата по работна сила што им плаќаат на посредници до 15.000 евра за да донесат негувателка од странство.

Од друга страна, оние кои се на дното на оваа листа, во однос на своите примања во Германија, одвај врзуваат крај со крај. На неславно последно место се работниците што работат во кујна кои заработуваат во просек помалку од 2000 евра месечно бруто, додека келнерите и фризерите заработуваат само неколку десетина евра повеќе.

И тие се меѓу најниско платените.

Меѓу најлошо платени занимања се и агентите во кол-центри, негуватели и возачи на камиони. Значително пониска од просечна германска плата имаат и медицинските сестри со малку работно искуство (во јавните здравствени институции), како и воспитувачите во градинки.

Може и без бугарски пасош

Многу наши граѓани во Германија работат со тоа што претходно имаат извадено бугарски документи. Оние што немаат бугарски пасош, во оваа земја можат да работат само ако имаат дозвола за престој и дозвола за работа. Работни места можат да се најдат на бројни специјализирани интернет портали, а постојат и неколку агенции во регионот кои се занимаваат со пронаоѓање на работа во Германија. Сепак, се уште еден од начините на кој нашинците најчесто пронаоѓаат работа е преку пријатели, роднини и познаници кои веќе работат во оваа европска земја.

Бонус галерија

Фото: Фејсбук/ Кафе Роте

Кафуле во Германија со необични шешири

За време на рестрикциите и корона мерките, едно кафуле во Германија на своите гости им нудеше шешири со чија помош можеа да одржуваат дистанца од останатите, а со ваквиот „пронајдок“ станаа познати во целиот свет.

Фото: Фејсбук/ Кафе Роте
Фото: Фејсбук/ Кафе Роте
Фото: Фејсбук/ Кафе Роте
Фото: Фејсбук/ Кафе Роте
Фото: Фејсбук/ Кафе Роте

Инаку кафулето служи и колачи и торти, нудејќи им на своите гости од своите преубави производи.

Фото: Фејсбук/ Кафе Роте
Фото: Фејсбук/ Кафе Роте
Фото: Фејсбук/ Кафе Роте

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button