Реклама
Холивуд

Искри на сите страни: Том Круз сериозно заинтересиран за врска со Шакира

Славниот актер е заинтересиран за Шакира, откако изминатиов викенд ѕвездите беа видени во Мајами на трката за ГН на Формула 1 во Мајами.

Реклама

Инсајдер изјави за Page Six во вторникот дека 60-годишниот актер од А-листата „е исклучително заинтересиран за колумбиската пејачка која е 14 години помлада од него, бидејќи „има хемија“ меѓу нив.

Јужноамериканската пејачка, чие целосно име е Шакира Изабел Мебарак Рипол, се раздели со долгогодишната љубов Жерар Пике (36) минатото лето поради обвинувањата дека ја изневерил со Клара Чиа Марти (24).

Холивудскиот актер ѝ испратил и букет цвеќе на Шакира после средбата на настанот за автомобилски трки во Јужна Флорида во неделата.

ФОТО: Принтскрин

Двојката беше видена како разговара на стартната мрежа на трката, а дружбата ја продолжиле во приватен апартман.

Маркетинг

Шакира е мајка на децата Милан (10) и Саша (8).

ФОТО: Принтскрин

Круз е татко на три деца: Изабела (30) и Конор (28) со поранешната сопруга Никол Кидман; и Сури (17) со поранешната сопруга Кејти Холмс.

Маркетинг

Круз беше на насловните страници овој викенд, откако беше прогласен за победник за најдобра изведба во филм за Top Gun: Maverick на неделните MTV Movie Awards.

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button