Реклама
Наши ѕвезди

Еве како Калиопи и честиташе на Марија Шерифовиќ – новопечената мама емотивна и пресреќна (фото)

Пејачката Калиопи Букле и напиша порака полна со љубов на својата колешка Марија Шерифовиќ

Реклама

Пејачката покажа колку ја поддржува во еден ваков момент

Македонската пејачка Калиопи Букле јавно се обрати до Марија Шерифовиќ по веста дека таа станала мајка.

Шерифовиќ се оствари во најубавата животна улога со помош на сурогат мајка, која што го роди нејзиниот син Марио.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Марио се роди во една клиника во Лос Анџелес, а веста ги изненади сите, посебно што целиот овој процес Марија го водеше во тајност.

Маркетинг

„Марија, драго суштество… Сега имаш свој универзум“, напиша Калиопи на социјалните мрежи.

Оваа преубава вест со среќа ја дочекаа и пејачките Светлана Цеца Ражнатовиќ, нејзината ќерка Анастасија Ражнатовиќ, како и една од моментално најпопуларните пејачки во регионот, Александра Пријовиќ.

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Тие на ист начин реагираа на објавата, така што ја лајуваа и покажаа дека ја поддржуваат Марија која се оствари во улога на мајка.

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Потсетуваме, Марија моментално е во Америка заедно со својата мајка Верица и бебето кое таму се породи.

Верица откако веста дека нејзината ќерка се остварила во улога на мајка се огласи и ги кажа само следниве зборови:

„Јас сум најсреќната жена на светот! Ми се роди внук. Во Америка и не би се огласувала повеќе. Само сакам сите да знаат колку сум горда“, изјави мајката на Шерифовиќ во интервју за српскиот „Блиц“.

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Потоа повторно се огласи и Марија, која им се заблагодари на сите за преубавите зборови, но и ја напиша првата мајчинска порака.

Повеќе за ова прочитајте тука >>

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button