Реклама
Наши ѕвезди

Еве како изгледа Исаура од „Преспав“ три недели по породувањето – прва фотка и од малата Лена

Наследничката на познатата актерка си доби преубаво име

Реклама

И двете блескаат и пленат со својата убавина

Познатата актерка која македонската јавност ја засака по нејзината улога на Исаура во серијата „Преспав“, Емра Куртишова (37), се породи пред три недели, а сега сподели емотивна фотографија со својата наследничка и тоа од едно необично место со што ги насмеа своите фанови.

Имено, Емра на Инстаграм објави фотографија со наследничката од кафеана, а под неа го напиша следниов коментар.

Маркетинг

„Лена прв пат во КАФАНА“, по што следуваше коментар од нејзиниот колега Игор Џамбазов кој напиша:

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Емра Куртишова

„Е ако де. Не мора одма со ракија. Од макалото нека проба“, напиша Игор и ги насмеa нивните бројни пријатели и фанови.

Фото: Инстаграм/ Емра Куртишова

Потсетуваме, Емра е во брак со својот колега Петар Стојанов со кого заедно работат во Театарот за деца и младинци во Скопје.

Актерката веднаш по породувањето објави фотографија на која се гледаше рачето на малата Лена, а сега се гледаат и мама и наследничката, па фотографијата ги воодушеви сите.

Фото: Инстаграм/ Емра Куртишова

Емра и Петар се венчаа во јуни 2023, по три години врска, а свадбената веселба беше во Гевгелија, родниот град на Петар.

Фото: Инстаграм/ Емра Куртишова

Новопечената мама денес ужива во мајчинството и бракот, посебно кога се гушка со својата мала принцезичка Лена.

Фото: Инстаграм/ Емра Куртишова

Инаку, ќеркичката на Емра си доби име за кое се верува дека има грчко потекло, а му се припишуваат величествени значења како „онаа што е сјајна и блескава“, „онаа што носи светлост, сончев сјај“, „блескава личност“, „убава и многу добра личност“, „онаа што блеска, што плени со својата убавина“. Станува збор за едно од најубавите и најпопуларните кратки имиња како во регионот, така и во Русија, Шпанија, Норвешка, Германија и Португалија, а девојчињата со ова име се сметаат за лица што носат позитива и светлина.

Фото: Инстаграм/ Емра Куртишова

Фото: Принтскрин/ Преспав

Фото: Инстаграм/ Емра Куртишова

Фото: Принтскрин/ Преспав

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button