Реклама
Нега и здравје

Зошто е време да се обидете да медитирате

Реклама

Изминатата година беше сведок на трансформативната моќ на медитација оценета од страна на големите бизниси во целиот свет паралелно како што извршните директори го сфаќаат фактот дека нашата продуктивност се базира врз нашата благосостојба.

„На медитацијата конечно престана да се гледа како на нешто ’откачено’ и таа конечно влезе во секојдневиот ќивот,“ вели писателката и новинарка Аријана Хафингтон, главен и одговорен уредник на The Huffington Post Media Group, која пишува за моќта на медитација во нејзината нова книга, „Напредуваје“, и која, исто така, има обезбедено простор за медитација за вработените во нејзините канцеларии ширум светот.

Маркетинг

Хафингтон го започнува секој ден со 20 до 30 минути „стоење на глава“ и практикува свесно дишење во текот на денот за да се справи со стресот. „Тоа ми дава нешто на што можам да се вратам стотици пати во текот на денот за еден миг, помагајќи ми да воведам паузи во мојот секојдневен живот, враќајќи ме назад во моментот за можам да ги надминам тегобите и проблемите. Ваквото дишење ме привлекува како магнет.“

Па како точно овој магичен природен лек за смирување навистина функционира? Кажано едноставно, медитацијата се спротивставува на нашата ’негативна пристрасност’ (или основниот човеков импулс да се регистрираат тешки, мачни ситуации) со намалување на активност во амигдалата (областа што ги контролира исконските емоции, како што се стресот и анксиозноста), а истовремено зголемувајќи ја активноста во делот од мозокот одговорен за донесување одлуки и емпатија. Докажано е дека редовната медитација го намалува кортизолот, хормонот за стрес во мозокот. Како резултат на тоа, една краткотрајна, барем десетминутна, медитација на ден им помага на луѓето да ги сфатат мислите како ефемерни, како минливи, наместо како конкретна реалност, овозможувајќи им да реагираат на настаните и емоциите со поголема флексибилност и креативност, наместо со цврсто поставени убедувања за тоа како работите  ’треба’ да бидат.

Маркетинг

Немилосрдното темпото на модерниот живот, во комбинација со зголемените барања што ни ги поставува технологијата, делумно е за обвинување поради фактот дека повеќе од една третина од нас веќе страдаат од анксиозност и депресија. Впрочем, медитацијата е древна техника, се практикува со векови, долго пред социјалните медиуми и технологијата да стапат на сцена и да ги разложуваат и сведуваат нашите мисли на 140 карактери.

Бројни други корпоративни личности редовно медитираат, вклучувајќи ги Џеф Вајнер,  извршен директор на LinkedIn и Еван Вилијамс, ко-основачот на Твитер. Google има во програма за медитирање во рамките на компанијата, додека во парламентот 95 пратеници и персоналот се обиделе со курсеви за медитација; всушност, компаниите KPMG, Goldman Sachs, Unilever, па дури и Bank of England почнаа да користат семинари за медитирање.

Можеби и не е случајно што ова се случува во време кога корпоративниот свет се соочува со тешки прашања за глобалната економска одговорност и проблемите на финансиската нееднаквост. Тоа што големите корпорации и нивните водечки личности ја прифаќаат медитација има смисла, бидејќи стресот е ендемична симптом на модерниот живот, а трошоците се високи: според Градското здружение за ментално здравје  се трошат 26 милијарди британски фунти годишно за боледување, намалена продуктивност и повторно вработување како резултат на стрес.

„Она што медитација прави е што ви дава перспектива“, вели Andy Puddicombe, гуру за медитација, кој раководи со Headspace, најпопуларната светска апликација за медитација,  која може да се пофали со познати личности, како Ема Вотсон, меѓу своите приврзаници. „Тоа е како разликата меѓу пробивање на патот низ бура и смиреното седење дома додека гледате како изминува бурата.“ Медитација не е да се добиве нешто, туку да се напуштат цврсто поставените пресуди така што можеме да бидеме послободни во нашите животи . Таа има толку многу предности, но најдобриот од сите е ефектот што таа го има врз оние околу нас. Ако ние сме посреќни, тоа е подобро и за другите.“. Навистина не може да побарате повеќе од тоа.

Посакувате да се обидете да медитирате? Обидете се со нашите најдобри апликации:

1. Headspace
Бесплатна, IOS и Андроид
Оваа апликација ви обезбедува техники за подобрување на спиењето, концентрацијата и расположението, а вклучува ’Take10’, десет, секојдневни десетминутни водени вежби.

2. Live Happy
Бесплатна, iOS
Ова апликација за зголемување на среќата ве води низ комплет дневни активности, научно докажано дека ви помагаат и на вашето краткорочно и на вашето долгорочно расположение.

3. Way of Life
Бесплатна, iOS
Едноставна, но ефикасна апликација за поставување навики и за одвикнување, што ви овозможува да го следите вашето однесување за да идентификувате, а потоа и да ги промените, негативните трендови во вашиот живот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button